OH/IR-ѕвезда![]() OH/IR-ѕвезда — ѕвезда на асимптотската гранка на џинови (АГЏ), црвен суперџин или хиперџин која покажува силно хидроксилрадикално мазерско излачување и необична сјајност на близуинфрацрвени бранови должини. Во многу доцните фази на АГЏ-развојот, ѕвездата развива суперветар со крајно голема загуба на маса. Гасот во ѕвездениот ветар се оддалечува од ѕвездата, со што се кондензира при ладењето, образувајќи молекули како вода (H2O) и силициум моноксид (SiO). Ова може да создаде зрнца од прашина, претежно силикати, кои ја затскриваат ѕвездата на пократки бранови должини, и ја прават силен ифранцрвен извор.[1] Хидроксилните (OH) радикали се добиваат со фотолиза или со судирна дисоцијација.[2] До мазерско излачување може да дојде со истиснување на H2O или OH. OH-мазерите може да предизвикаат моќно мазерско дејство на 1.612 MHz, и ова се смета за главна одлика на OH/IR-ѕвездите. Многу други АГЏ-ѕвезди како миридите покажуваат послаби OH-мазери на други бранови должини како 1.667 или 22 MHz.[3] ПримериOH/IR-ѕвездиOH/IR-суперџиновиБелешки
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia