O tempora, o mores!![]() O tempora, o mores — латински израз кој буквално се преведува како „О времиња! О обичаи!“ Поприроден, но сепак доста буквален превод е „О, какви времиња! О, какви обичаи!“.[1] Вообичаениот идиоматски превод „Срам за ова време и за неговите изгубени начела!“, потекнува од класицистот Чарлс Дјук Јонг.[2] Изворниоот латински израз често се пишува како O tempora! O mores!, со додавање извичници, кои не би биле напишани на латински во времето на Цицерон. Изразот го користел римскиот оратор Цицерон во четири различни говори,[3] од кои најраниот бил неговиот говор против Верес во 70 г. пр. н. е. Сепак, најпознатиот пример е во вториот пасус од неговата Прв говор против Катилина, говор одржан во 63 г. пр. н. е., кога Цицерон бил конзул (римски поглавар на државата), осудувајќи го неговиот политички непријател Катилина. Во овој пасус, Цицерон го користи како израз на својата згрозеност, за да ја осуди жалната состојба на Римската Република, во која граѓанин може да направи заговор против државата и да не биде соодветно казнет за тоа.[4] Предметниот пасус гласи вака:
Цицерон е разочаран што, и покрај сите докази што се собрани против Катилина, кој направил заговор да ја собори римската влада и да го убие самиот Цицерон, и покрај фактот што Сенатот го дал својот senatus consultum ultimum, Катилина не уште е погубен. Цицерон продолжува да опишува различни времиња низ римската историја каде конзулите сметале дека е соодветно да ги погубат заговорниците со помалку докази, во еден пример - случајот на колењето на Гај Гракх (еден од браќата Гракхи) од страна на поранешниот конзул Луциј Опимиј - само врз основа на quasdam seditionum suspiciones: „само сомнеж за незадоволство“.[5] Културни референциВо подоцнежните класични времиња, извикот на Цицерон веќе станал познат, цитиран на пример во Suasoriae на Сенека Постариот:[6]
Марцијаловата поема „До Кецилијан“ (Епиграми §9.70) исто така се повикува на Првиот говор против Катилина: [7]
Во денешно време, овој извик сè уште се користи за критикување на денешните ставови и трендови, но понекогаш се користи хумористично или навредливо. Се користел како наслов на епиграм на Џозеф Јустус Скалигер од велшкиот епиграмматичар Џон Овен, во неговата популарна Epigrammata, 1613 Lib. I. епиграм 16 O Tempora! O Mores!: [8]
Преведено од Харви, 1677 година, како:[9]
Дури и во осумнаесеттиот век почнал да се користи на овој начин: акватинтен отпечаток од 1787 година од Семјуел Алкен по Томас Роландсон во британската кралска збирка со наслов O Tempora, O Mores! покажува двајца старци изненадени кога пронашле тројца млади пијани мажи кои заспале заедно на маса.[10] Едгар Алан По го употребил изразот како наслов и тема на неговата песна, „О, Темпора! (≈1825), во кој ги критикувал манирите на луѓето од неговото време.[11] Песната ја изговара еден пијан поет во филмот од 1936 г. Господинот Дидс оди во градот. Изразот се користи и во драмата (1955) и во филмот (1960) Наследи го ветрот, измислен извештај за Судењето на Скопс, во кој е изговорен од циничниот известувач Хорнбек, повикувајќи се на ставот на градот кон Дарвиновата теорија за еволуцијата. Музичките комичари Фландерс и Свон го користеле изразот кога Фландерс прогласил „ O tempora, O mores – О Тајмс, О Дејли Мирор !“ (1964).[12] Тоа е исто така една од неколкуте латински изрази во стриповите на Астерикс и Обеликс објавени во 1960-тите и 1970-тите. Изразот се користи и во серијата Доктор Ху, (1964). Во ноември 2014 година, сенаторот Тед Круз од Тексас го искористил отворањето на Првиот говор против Катилина на Цицерон на подиумот на Американскиот сенат, со само неколку изменети зборови, за да ја критикува употребата на извршните наредби од страна на претседателот Барак Обама.[13] Во својата верзија на говорот, кој следел по преводот на Чарлс Дјук Јонг,[2] сенаторот Круз го превел изразот O tempora! O mores! како „Срам за векот и за неговите изгубени начела!“,[13] а на местото на Катилина, го ставил тогашниот претседател Обама. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia