„Only Girl (In the World)“ е песна на барбадоската пејачка Ријана, сместена во нејзиниот петти студиски албум Loud. Напишана од страна на Кристал Џонсон, Старгејт и Сенди Вии, со тоа што последните двајца учестуваа и во нејзиното продуцирање, песната беше реализирана на 10 септември2010, како пилот сингл од Loud. Во песната доминира брзото темпо, проследено со денс и европоп елементи во нејзината продукција и бит. Критиките кон песната беа главно позитивни, посебно кога станува збор за силниот рефрен и музичката продукција. Критиките беа главно насочени ко изборот и вокалната сработеност од страна на Ријана.
„Only Girl (In the World)“ се искачи на врвот на многуте музички светски табели, а особено беше успешна во Нов Зеланд и Австралија, каде што и беше доделен двоен платински албум. Музичкото видео за песната беше режирано од страна на регуларниот соработник на Ријана, Ентони Мендлер. Видеото е со едноставна тематика и се фокусира само на Ријана. Содржи интересни сцени проткаени со црвена и розова боја. Една од доминантните сцени во која се појавува Ријана е снимена на камен рид. Песната беше изведена во живо низ многу светски шоуа, вклучувајќи ги британскиот и италијанскиотX Factor и 2010 Американски музички награди кои се одржаа во Лос Анџелес. Песната доби Греми награда во категоријата Најдобра Денс Песна на 53-тите Греми Награди.[1]
Пишување и композиција
„Only Girl“ е напишана од страна на Кристал Џонсон, Микел С. Ериксен, Тор Ерик Хермансен и Сенди Вилхелм. Продукцијата на песната е извршена од страна на Старгејт и Сенди Ви. „Only Girl“ е брза песна со денс елементи, но исто така и европоп во нејзината продукција и битови.[2][3] Во песната е вклучен силен бас со силна синтетизираност,[3] како и силен рефрен на песната со денс клуб бит.[2] Кога станува збор за вокалите на Ријана, песната е опишана како заводлива и потсетува на посилна и посекси верзија на нејзиниот хит од 2007 „Don't Stop the Music“.[3] Според музичката табела објавена во Musicnotes, песната е напишана со модерен бит рејт од 126 бита во минута. Песната е напишана со клуч во Де-дур и вокалните способности на Ријана се движат од нотата F#3 до нотата D5.[4]