Overlay networkНадоврзувачка мрежа е компјутерска мрежа која е поставена над некоја друга. Јазлите во надоврзаната мрежа се смета дека се поврзани преку логички и виртуелки врски, и секој е поврзан со патека, можеби преку повеќе физички врски, со примарната мрежа. На пример дистрибуирани системи како: обработка во облак, peer-to-peer мрежи и клиент-опслужувач апликации се преклопени мрежи затоа што нивните јазли работат преку интернет. Интернетот е преклопена мрежа на телефонската. Употреба на Надоврзувачки МрежиВо Телекомуникации![]() Надоврзувачките мрежи се користат во телекомуникациите од појавата на circuit switching и оптичките влакна. Телекомуникациските транспортни мрежи и IP мрежите работат во најмала рака преку оптички слој, транспортен слој и IP или circuit layers. ![]() Стопанските приватни мрежи беа првично надоврзани на телекомуникациските мрежи како што се frame relay, Asynchronous Transfer Mode packet switching инфраструктури, но преминот од ваквите инфраструктури кон MPLS мрежи засновани на IP и виртуелни приватни мрежи започна(2001-2002). Од физичка гледна точка надоврзувачките мрежи се доста комплексни (Слика 1) затоа што спојуваат различни логички слоеви коишто се раководат и градат од различни области(бизниси,универзитети,влади итн) но овозможуваат ослободување од грижи кои со тек на време кои го овозможија создавањето на широкиот спектар на услуги. Преку интернетВо денешно време интернетот е основа за повеќе надоврзувачките мрежи кои можат да се конструираат за да дозволат насочување на пораки до одредишта кои не се одредени со IP-адреси. На пример distributed hash tables се користат за пренос на пораки до јазол имајќи специфична логичка адреса чијашто IP адреса не е однапред позната.
Список на протоколи на надоврзувачките мрежи засновани на TCP/IPСписок на протоколи на надоврзувачките мрежи засновани на TCP/IP се:
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia