SCTP
Кај компјутерските мрежи, Stream Control Transmission Protocol (SCTP) е протокол (број 132[1]) на транспортно ниво, и има слична улога со познатите протоколи: Transmission Control Protocol (TCP) and User Datagram Protocol (UDP). SCTP обезбедува некои слични услуги како овие два протоколи: тој е ориентриан кон пораките како UDP и орбезбедува сигурност во секвенцијалната размена на пораки со контролата на застој како TCP. Протоколот е утврден од работната група на IETF Signaling Transport (SIGTRAN) во 2000,[2], а го одржува работната група на IETF Transport Area (TSVWG). RFC 4960 го дефинира протоколот. При отсуство на вградена SCTP поддршка кај оперативните системи, SCTP се тунелира преку UDP,[3] како и мапирање на TCP API повиците во SCTP повици.[4] Message-based multi-streamingSCTP апликациите ги доставуваат нивните податоци до SCTP траснспортното ниво за да бидат пренесени во пораки(групи од бајти). SCTP, пораките и контролните информации ги сместува во одделни парчиња(податочни парчиња и контролни парчиња, секој препознатлив по својот наслов. Овој протокол може да ја подели пораката на неколку податочни парчиња, при што секој податочен дел содржи податоци од само еден корисник на пораки. SCTP ги групира парчињата во SCTP пакети. SCTP пакетите, кои се доставуваат до интернет протоколот, се состојат од: наслов на пакетот, SCTP контролни парчиња (кога е неопходно), проследно со SCTP податочни парчиња (кога се достапни). SCTP може да се одликува како порака-ориентиран, што значи дека пренесува секвенца од пораки(секоја од нив е група од бајти), наместо пренесување на непрекинат поток од бајти како што е случај со TCP. Како и UDP, кај SCTP испраќачот испраќа порака со една операциајa. Спротивно на SCTP, TCP е поток-ориентиран протокол, пренесувајќи потоци од бајти безбедно и по редослед. Сепак, TCP не му дава на знаење на примачот колку пати е повикана испраќачката апликација во TCP сообраќајот при протекувањето на група од бајти кои треба да бидат испратени. Терминот мулти-стриминг се однесува на способноста на SCTP паралелно да се пренесуваат потоци, на пример, преносот на web фотографии заедно со текстот на страната. Во суштина, тоа вклучува градење на неколку врски во една SCTP асоцијација, кои работат со пораки(или парчиња) наместо со бајти. TCP го зачувува редоследот на бајти во потокот преку доделување на секвенцијален број на секој пакет. Од друга страна, SCTP доделува секвенцијален број на секоја испратена порака во потокот. Ова овозможува различен редослед на пораките во различни потоци. Меѓутоа, подредувањето на пораките не е задолжително во SCTP; апликацијата за примање пораки може да избере да ги обработува пораките по редослед на примање, наместо по редослед како биле испратени. ОсобеностиОдлики на SCTP:
творците на SCTP, го дизајнираат SCTP со првична намена за пренос на телефонија(Signaling System 7) преку Интернет протокол, со цел да се повторат некои од доверливите атрибути на SS7 сигнализациската мрежа во IP. Овој IETF обид е познат како SIGTRAN. Во меѓувреме, беа предложени други протоколи, на пример, Пречник протоколот[5] and Reliable server pooling (RSerPool).[6] МотивацииTCP ја имаше остварено примарната цел да пренесува безбедно податоци преку Интернет, но TCP имаше поставено ограничувања на некои апликации. Од RFC 4960:
Структура на пакет
SCTP пакетите имаат поедноставна основна структура од TCP пакетите. Секој пакет се состои од два основни дела:
Секое парче има тип-идентификатор, кој е со големина од еден бајт, најчесто, постојат 255 различни податочни типови. RFC 4960 дефинира листа од податочни типовви и до сега има дефинирано 15 типа. Остатокот од парчето е со должина од 2 бајта(максимална големина од 65,535 бајти), и податоците. Ако парчето не е поголемо од 4 бајти(т.е. должината не му е повеќе од 4), тогаш парчето е имплицитно пополнето со нули кои не се вклучени во должината на парчето. БезбедностИако криптирањето не беше дел од оригиналниот дизајн на SCTP, сепак SCTP беше дизајниран со одлики кои ја подобруваат безбедноста, како што е 4-насочноторакување (споредено со 3-насочното ракување на TCP) за заштита од SYN полава од напади, и долги "колачиња" за здружена верификација и автентичност. Исто така, доверливоста беше клучен дел од безбедносниот дизајн на SCTP. Повеќенасочноста овозможува асоцијацијата да остане отворена дури и кога некои рути и интерфејси се паднати. Ова е од особено значење за SIGTRAN кој го пренесува SS7 преку една IP мрежа користејќи SCTP, и бара силна отпорност за време на паѓање на врската за да може да се одржи телекомуникациската услуга, дури и кога се случуваат мрежни аномалии. SCTP понекогаш е добар fingerprinting кандидат. Некои оперативни системи овозможуваат SCTP поддршка, но ако таа не е добро позната како TCP или UDP, се случува е занемарена од огнениот ѕид, и тогаш најчесто се дозволува испробувачки пренос. ИмплементацииРеферентната SCTP имплементација работи на FreeBSD, Mac OS X, Windows, Linux.[7] Следните оперативни системи имплементираат SCTP:
Корисничка библиотека:
RFC историја
Поврзано
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia