Tekken (франшиза)
Текен (јап. 鉄拳 ) е јапонска мултимедијална франшиза фокусирана на борбени и аркадни видеоигри создадени и издадени од Бандаи Намко Ентертејнмент. Франшизата вклучува филмски и печатени изданија. Главните игри во серијата ги следат настаните од турнирот „Крал на железната тупаница“, одржан од измислената компанија „Мишима заибатсу“, во која што играчите можат да одберат и контролираат мноштво ликови за да го освојат турнирот и да добијат контрола врз компанијата; конфликтот во семејството Мишима служи како главен заплет на серијата, додека играчите ги дознаваат целите и мотивациите и на другите ликови за контрола на Мишима Ко. Гејмплејот се фокусира на блиска борба со различни боречки вештини (неколку измислени), со екстремно точен систем на борба кој, освен огромен број на напади, вклучува блокови за истите, зафати и фрлања, ескивирања и борба на подот. Серијата подоцна вовела комбоа и специјални потези, а ликовите можат, во одреден миг, и да го искршат подот на арената, иако ова е само визуален ефект. Tekken е забележана како една од првите борбени игри кои користеле 3D анимација. Јапонскиот развивач на видеоигри, Намко, го започнал серијалот во 1994 година, со објавувањето на првата истоимена игра. Заклучно со 2017 година, постојат девет последователни игри (вкупно 10), осум спин-оф игри, и постојат три адаптации како играни филмови и други медиуми. Tekken 2, како и третата игра Tekken 3, се сметаат за камен темелници; тие добиле критичко признание за гејмплејот и за задлабочено искуство. Следните наслови го следеле овој концепт и добиле генерално позитивни критички одговори. Серијата е универзално признаена и комерцијално успешна, испорачувајќи повеќе од 50 милиони копии, што ја прави една од најпродаваните франшизи на видеоигри на сите времиња, и третата најпродавана франшиза за борбени игри во историјата.[1] Главната серија е широко наведена од критичарите и публикациите за видеоигри како најголем фактор за подигање на стандардите на борбените игри, фалејќи ја нејзината гејмплеј механика и можноста за снимање на борбата. ИгриСите главни наслови од серијата првично се аркадни игри, а матичните плочи на аркадниот уред традиционално користат технологија заснована на PlayStation конзолите. По нивното аркадно издание, домашните изданија главно се наменети за конзолите од линијата на PlayStation.
Оригинална PlayStation трилогија (1994–1998 г.)TekkenПрвата игра во серијата, Tekken, била издадена во 1994 година, најпрво како аркадна игра и како ексклузивна за PlayStation во 1995 година.[3] Играта има осум различни ликови, секој со свој претпоследен „boss“ (пред последното ниво). Верзијата на PlayStation содржи слични визуелни арени како оние од аркадната верзија, и исто така, еден по еден, ги отклучува претпоследните „boss“ ликови, откако ќе се сврти играта со даден карактер, вкупно давајќи осумнаесет ликови, вклучително и еден дополнителен костум за ликот Казуја (наречен „Devil Kazuya“). Покрај тоа, последна анимирана сцена се отклучува за даден карактер, кога ќе се сврти играта со истиот, во аркадниот режим, за секој лик од оригиналните осум почетни ликови. Канонот или официјалниот крај на играта се смета на оној на Казуја, одмаздувајќи се на неговиот татко Хеихачи Мишима, на начин што го победува на турнирот и го фрла од истата карпа што неговиот татко пред тоа го фрла Казуја. Tekken 2Tekken 2 била аркадно објавена во 1995 година, а во 1996 година за PlayStation. Неколку години подоцна била направена варијанта и за Zeebo конзолите. Се состои од десет почетни ликови, и дополнителни петнаесет за отклучување, давајќи вкупно дваесет и пет карактери. Домашната верзија содржи четири нови режими кои ќе станат суштински за серијата, а тоа се „Survival“ (преживување), „Team Battle“ (тимска борба), „Time Attack“ (најбрзо свртување на играта со даден карактер) и „Practice“ (вежбање). Играта содржи содржи слични визуелни арени како оние од аркадната верзија, а последна анимирана сцена се отклучува за даден карактер, кога ќе се сврти играта со истиот, во аркадниот режим, за секој лик од играта. Канонската завршница на оваа игра се смета онаа во која што Хеихачи го преживува падот, влегува во Вториот турнир „Крал на железната тупаница“ и го совладува Казуја, потоа фрлајќи го во активен вулкан и повторно ја зазема компанијата Мишима Заибатсу. За време на настаните од Вториот турнир, Казуја и Џун Казама се мистериозно привлечени еден кон друг и стануваат интимни. Tekken 3Tekken 3 била аркадно издадена во 1997 година, а за PlayStation во 1998 година.[4][5] Поради 19-годишниот скок на приказната помеѓу претходната и оваа игра, во голема мера е претставена нова екипа на ликови, вклучувајќи го и дебито на главниот лик Џин Казама, синот на Казуја и Џун, како и познатите дебитантски главни ликови Линг Жаоју и Хуоаранг, вклучувајќи вкупно дваесет и три карактери. Домашната верзија го вклучува режимот наречен „Tekken Force“ (играчот има задача да го „истрча“ нивото, притоа борејќи се против војниците на Мишима корпорација, и на крајот со еден „boss“ лик) како и бонус режим „Tekken Ball“ (буквално подавање со топка слично на одбојка), а исто така ги содржи слични визуелни арени како оние од аркадната верзија. Канонската завршница на Tekken 3 се смета онаа на Пол Феникс, победувајќи го Огар, верувајќи дека е победникот, за веднаш потоа Огар да се претвори во втората „Вистински Огар“ фаза. Џин Казама се соочува со Вистински Огар и го победува, одмаздувајќи се за неговата мајка. Со Огар надвор од патот, дедото на Џин, Хеихачи, пука во него, оставајќи го да умре. Сепак, Џин преживува, оживеан од „Ѓаволскиот ген“ што го наследил од неговиот татко. Деби на „таг-тим“ игрите (1999–2005 г.)Tekken Tag TournamentTekken Tag Tournament е следниот наслов, аркадно објавен во 1999 година, и како официјален придружен наслов при објавувањето на новата PlayStation 2 конзола во 2000 година. Иако играта не е канонична за приказната, таа се смета за еден од главните делови на франшизата. За разлика од претходните наслови, Tekken Tag Tournament се одликува со „таг-битки“ (дозволено е наизменично менување на двајца претходно одбрани ликови при активна борба), вклучувајќи ги скоро сите карактери на Tekken во серијата до тој момент, со вкупно 34 карактери. Играта се инсталирала на истата аркадна машина како Tekken 3, па големи графички надградби се добиле кога истата била пренесена за PlayStation 2. Домашната верзија содржи слични визуелни арени како оние од аркадната верзија, а исто така има и бонус режим наречен „Tekken Bowl“ (мод во кој може да се кугла со ликовите). Ремастеризирана верзија на играта, Tekken Tag Tournament HD, е вклучена во колекцијата Tekken Hybrid од 2011 г.,[6] која исто така содржела демо на играта Tekken Tag Tournament 2, и филмот „TEKKEN: BLOOD VENGEANCE“.[7] Tekken 4Tekken 4 е петтиот наслов и следната канонска игра во серијата, објавена во 2001 година за аркадните машини и во 2002 година за PlayStation 2. За да се нагласи приказната, домашната верзија вклучила нов „Story mode“ (режим за официјалната приказна), која ги отклучува последните анимирани сцена за даден карактер, наместо во аркадниот режим, во кој се отклучуваа претходно. Играта исто така содржи многу нови опции во гејмплејот, вклучувајќи ја можноста играчот да се движи пред да започне рундата (без можноста да удри), како и нивоа со ѕидови кои делумно ги одвојуваат играчите. За прв пат, визуелните тематски арени се исти и за аркадната и за домашната верзија. Постојат 23 ликови за избор. Приказната открива дека Казуја го преживеал падот во вулканот пред 20 години, влегувајќи на Четвртиот турнир „Крал на железната тупаница“ за да ја врати Мишима Заибатсу под негова контрола. Во канонската завршница, Казуја и Хеихачи заедно се поразени од Џин, кој неволно се преобразува во неговата ѓаволска форма, но откако добива кратка визија од неговата мајка Џун (која не ја видел веќе шест години), тој се воздржува да го погуби Хеихачи. Tekken 5Tekken 5 била издадена за аркадните машини во 2004 година, а во 2005 година за PlayStation 2, со краток временски период на преминување од аркадните во PlayStation конзолите, со два месеци во Северна Америка и со четири месеци во Јапонија.[8][9] Постојат 32 карактери за избор, вклучително, и за прв пат, „Девил Џин“ (втората форма на ликот Џин) и Асука Казама која доаѓа од измислена верзија на градот Осака. Повеќето ликови што се отстранети од Tekken 3 се враќаат во Tekken 5. Домашната верзија го вклучува и режимот познат како „Devil Within“, варијанта на режимот „Tekken Force“ претставен во Tekken 3. По официјалната канонска завршница, Џин Казама го победува својот демонски прадедо Џинпачи Мишима (кој ја презема Мишима Заибатсу кратко по завршувањето на настаните од Tekken 4), наследуваjќи ја Мишима Заибатсу. Проширување на други платформи (2006–2012 г.)Tekken 5: Dark ResurrectionИако Tekken игрите вообичаено се темелат на аркадните верзии, Tekken 5 била првиот наслов во серијата што имала ревизија што била доволно значајна што била објавена, со поднасловот Dark Resurrection (Мрачно Воскреснување) во 2005 година. Играта била пренесена на PlayStation Portable во 2006 година и содржи два нови лика: Емили „Лили“ Де Рошфорт и Сергеј Драгунов. Армор Кинг е исто така воведен како лик што може да се игра во оваа ревизија. Играта воведува и систем за рангирање. Домашната верзија се одликува со нови режими, како Ghost Mode, Tekken Dojo Mode и два бонус режими, Gold Rush и ревидирана верзија на Tekken Bowl, претставена првпат на Tekken Tag Tournament. Режимот Devil Within од PlayStation 2 верзијата, сепак, отсуствува. Намко Бандаи ја препознале побарувачката на обожавателите за верзија на PlayStation 3 конзолата, па оваа била објавена во 2007 година, во HD 1080p.[10][11] Верзијата на PlayStation 3 исто така била ажурирана и е наречена Tekken 5: Dark Resurrection ONLINE, што за првпат се добива опција за онлајн играње. Верзијата за PlayStation 3 исто така го отклучува ликот Џинпачи Мишима, дозволувајќи му на играчот да го одбере и него (но не и во онлајн борбите). Tekken 6Tekken 6 првично била објавена за аркадните машини во 2007 година, проследена со ажурирана аркадна верзија од 2008 година, насловена како Tekken 6: Bloodline Rebellion.[12] Домашната верзија е заснована на Bloodline Rebellion и била објавена за PlayStation 3 и Xbox 360, за прв пат станувајќи мултиплатформна.[13][14] Играта се одликува со Scenario Campaign mode, режим кој е по оној на примерот од Tekken Force mode, кој може да се игра и онлајн заедно со стандардниот Versus режим (стандардна онлајн борба). На крајот на „Сценарио“ режимот, се открива дека Џин Казама, откако бива поразен од вонбрачниот син на Хеихачи, Ларс Александерсон (кој претрпува амнезија во еден момент на приказната), намерно направил хаос и водел војна со светот за да го наполни со негативна енергија доволна да генерира физичка манифестација на Азазел, така што тој самиот би може да се соочи со него и да го убие, верувајќи дека убиството на Азазел може да го исчисти од Ѓаволскиот ген во неговото тело. По битката, телото на Џин е пронајдено од Рејвен, а Ѓаволскиот ген сè уште е недопрен во неговото тело. Tekken Tag Tournament 2Tekken Tag Tournament 2 била објавена во јапонските аркадни машини во 2011 година.[15] Верзијата за конзолите била објавена следната година и се засновала на ажурираната аркадна верзија наречена Tekken Tag Tournament 2 Unlimited, која содржи нови функции.[16] Верзијата за Wii U, служи и како придружен наслов за лансирањето на оваа конзола, и вклучува ревидирана верзија на Tekken Ball режимот од Tekken 3. Спин-оф игри (2013 – )Tekken 7![]() На почетокот на 2014 година, Катсухиро Харада изразил интерес за продолжување на серијата на PlayStation 4.[17] Tekken 7 била објавена во јапонските и корејските аркадни машини во 2015 година. Претставува и прва игра во серијалот создадена со Unreal Engine.[18] Играта добила ажурирање, со поднаслов „Fated Retribution“ (Судбоносна одмазда), објавена за аркадните машини на 5 јули 2016 година, заедно со вториот, третиот, четвртиот и петтиот гостински лик во серијалот, односно се појавуваат ликовите Акума од франшизата „Street Fighter“, Гис Хауард од „Fatal Fury“, Ноктис Луцис Каелум од франшизата „Final Fantasy“ и Неган од франшизата „The Walking Dead“. Верзијата за PlayStation 4 била потврдена на Неделата на игри во Париз 2015 г. и се одликува со ексклузивна содржина, како и поддршка за виртуелна реалност. Верзиите за Xbox One и Microsoft Windows биле објавени на 2 јуни 2017 година, заедно со верзијата за PlayStation 4 и се засновани на Fated Retribution.[19] Во канонскиот крај, сметан за заклучок на Мишима сагата, Хеихачи ја презема контролата над Заибатсу и се обидува да го извади Ѓаволскиот ген од Казуја. На крајот, во нивната последна битка, Казуја го убива Хеихачи, фрлајќи го во активен вулкан, додека Џин, опоравен од комата, изјавува дека мора да го убие Казуја за да стави крај на проклетата Мишима крвна линија. Понатаму е откриено и дека Хеихачи ја убил својата сопруга Казуми поради нејзиното опседнување од Ѓаволскиот ген и фактот дека таа станала поделена личност поради генот, за кратко време по раѓањето на Казуја. Спин-оф и кросовер игриTekken 3 исто така била направена и за Game Boy Advance како Tekken Advance во 2001 година.[20] Заснована на Tekken 6 играта Tekken 3D: Prime Edition била издадена за Nintendo 3DS во 2012 година. Бесплатна верзија на Tekken била објавена во 2013 година за PSN насловена како Tekken Revolution. Tekken Card Challenge била објавена на WonderSwan, ексклузивна јапонска конзола во 1999 година.[21] Спин-оф акциона авантуристичка игра со ликот Нина Вилијамс како протагонистот, „Death by Degrees“ („Смрт во степени“), објавена за PlayStation 2 во 2005 година.[22] Две мобилни спин-оф Tekken игри биле објавени во 2011 година: една дводимензионална борбена игра Tekken Resolute, која е првата игра во која не е вклучен Хеихачи Мишима,[23] и Tekken Bowl, мини-игра со куглање од Tekken Tag Tournament, за iOS оперативниот систем. Tekken Bowl е првата игра во која не се вклучени Јошимитсу, Нина Вилијамс, Пол Феникс и Кинг.[24] Во 2013 година, третата мобилна игра насловена како Tekken Card Tournament била издадена од Намко Бандаи во App Store за iOS и Play Store за Android.[25][26] Истата година, Намко Бандаи, исто така, ја објавиле Tekken Arena во Google Play Store за Андроид.[27] На 30 април 2015 година, Намко ја издале Galaga: Tekken 20th Anniversary Edition, варијанта за мобилни игри од Галага аркадните машини со ликови од франшизата. Првично била објавена на 1 април 2015 година.[28] Намко и Капком се согласиле да создадат кросовер игри на Tekken и Street Fighter франшизите. Во 2012 година, издадена била Street Fighter X Tekken, проследена од Tekken X Street Fighter (во развоен пекол од 2018 година).[29][30] Првата игра е развиена од Capcom и се служи со 2D механика на игра која што е стандардна во Street Fighter IV, додека втората игра се развива од Namco и ќе вклучува 3D механика како таа од Tekken Tag Tournament 2.[31] Pokkén Tournament била објавена во август 2014 година, како спин-оф со дејствието во рамките на франшизата Покемон. Првично била објавена во Јапонија како аркадна игра, а потоа објавена на меѓународно ниво на Wii U во 2016 година, а исто така е пренесена и за Nintendo Switch.[32][33][34] Tekken Mobile, друг спиноф, бил објавен на 1 март 2018 г.[35] Иако имала мешан прием од критичарите,[36][37][38] била добро прифатена од јавноста и надминала еден милион симнувања. Развој![]() Првично Tekken не била замислен како борбена игра. Проектот започнал како внатрешна тест-рамка на Намко за анимирање на 3D модели на карактери, за на крајот да вгради текстурно мапирање слично на она во тркачката игра на Намко, Ridge Racer од 1993 година. Режирана од дизајнерот на Virtua Fighter, Сеиичи Ишии, Tekken требала да биде фундаментално сличен наслов, со додавање на подетални текстури и двојно поголема брзина на кадрите.[39] Tekken 4 добила најнегативна критика до степен што може да се смета за најлошиот наслов во рамките на серијата, што довело до големи промени почнувајќи од следниот наслов.[40] Ова е направено благодарение на новиот енџин обезбеден од Намко.[41] Како ретроспектива, Харада верувал дека Tekken 5 и Tekken 6, успеале да привлечат нова обожавателска група, нешто што Tekken 4 не успеала да го стори.[42] GameplayКако и со многу борбени игри, играчите бираат лик од поставата и се ангажирани во блиска борба со противникот. Традиционалните борбени игри обично се играат наместени на начин што копчињата одговараат на силата на нападот, како што се силен бокс или слаб шут. Текен, од друга страна, посветува копче на секој од четирите екстремитети на борецот.[43] Системот на игра вклучува блокови, зафати и фрлања, ескивации и борби на земја.[44] Во оригиналниот Tekken, играчите можат само рачно да ги блокираат нападите. Оттогаш, почнувајќи со Tekken 2, ликовите автоматски блокираат сè додека не се движат нанапред или не вршат дополнителни дејства, одлика наречена „неутрален гард“. При стоење или повлекување, карактерите ги блокираат високите и средните напади без други дејства од играчот, додека клекнатите карактери би ги ескивирале високите напади, а би ги блокирале ниските. Нормалните средни напади би ги удриле клекнатите играчи, но некои специјални средни напади можат да бидат блокирани од стоечкиот или од клекнатиот неутрален гард. Во меѓувреме, притискањето наназад му дава на играчот „активен гард“ што може да блокира одредени комбинирани напади кои нормално би го поминале неутралниот гард. Некои ликови се природно програмирани да ескивираат наместо да блокираат, иако командите им наложуваат блок потег. Tekken 3 вовела неколку гејмплеј можности кои биле задржани во подоцнежните игри, вклучувајќи ја и можноста ликовите да застанат во преден план или во позадината.[45] Tekken 3, и подоцнежните игри, исто така го намалуваат времето на опоравување откако играчот би бил соборен, давајќи им опција на ликовите да се валкаат (тркалаат) во сите насоки веднаш по паѓањето, дозволувајќи му на играчот побрзо да се врати во борбата, иако со ризик да биде удрен додека се тркала. Tekken 4 им дава на ликовите уште поголема подвижност со додавање на вистинско 3D движење во геометриски сложени арени со нерамна подлога, препреки и ѕидови. 3D гејмплејот овозможува брзи удари при страничните или задните зафати и фрлања на противникот, само ако играчот успее да ги избегне, како и затајувачки напади чии потези започнуваат странично од противникот. Tekken 5 има комбинација од бесконечни и арени со ѕидови, комплетно отфрлајќи го нерамниот под. Tekken 6 го задржува поголемиот дел од дизајнот на Tekken 5, но исто така вклучува и Rage mode режим, кој се активира кога на некој лик му преостанува малку од лентата за виталност, добивајќи мултипликатор на штета. Додадени се и „врзани“ удари, во кои играчот ангажиран со противник кој во моментот е над земјата, го сместува во неизбежна состојба без блокови, дозволувајќи комбо удари на играчот. Во Tekken 6 е возможно да се уништат подовите и ѕидовите што им овозможува на борците да се распрснат во нови борбени области по нивното уништување. Tekken Tag Tournament 2 ги задржува сите овие елементи, истовремено додавајќи и нов вид на уништување на сцената („балконско уништување“, што е комбинација на кршење на подовите и ѕидовите, така што ликовите поминуваат низ кршлив ѕид и паѓаат на пониско ниво во истата борба). Специфичните одлики на Tag 2 ги вклучуваат Tag Assaults (кооперативни напади активирани со двата избрани ликови од играчот) и Tag Crashes (потег за итни случаи кој се добива кога едниот лик на играчот е соборен, а другиот партнерски лик е во Rage режим). Tekken 7 воведува некои промени во движењето од формулата на Tekken. Анимацијата за повлекување е слична на Tekken Revolution, со пофлуидно оддалечување од противникот, но релативно побавно. Обичното тркалање наназад од втемелена состојба е отстрането, а наместо тоа е заменета со нова проширена анимација при која карактерот се крева и изведува „глужден шут“ (шутирање на противникот додека ликот лежи на земи свртен на грб), за потоа да се истракала наназад, што помага да се направи полесна одделба од противниот. „Балконските кршења“ од Tag Tournament 2 се присутни и функционираат слично како што работат во соло-играта. Новите функции ги вклучуваат „Power Crushes“ (напади што не можат да се прекинат со обични потези откако ќе започнат) и „Rage Arts“ (напади што можат да се користат само кога ликот на играчот достигнал Rage состојба, жртвувајќи го истиот режим за да го изврши нападот). Врзаните потези претежно се оневозможени освен за специфични ситуации (одредени потези можат да предизвикаат низи на удари ако не бидат комбинирани и сите ескивирања при клекнување можат да предизвикаат врзан ефект, сличен како во Tekken 6: Bloodline Rebellion; распарчувањата на подот сега резултираат во ефект сличен на оној во Tag 2 наместо стандардниот од другите игри) и наместо тоа, ликовите сега имаат почест пристап до „Aerial Tailspin“ ефектот (напад што го фрла противникот наназад со главата кон подот за разлика од директно надолу, иако ваквиот напад е сè уште неизбежен откако ќе се активира, што значи комбо ударите можат да продолжат). Ликови![]() Џинпачи, Хеихачи и Казуја Мишима, и Џин Казама. Играчите можат да изберат од разновидна екипа која потекнува од различна етничка припадност и стилови на борба. Неколку карактери имаат натприродно потекло, како што се Ѓаволски Казуја, Алиса Босконович, Ангел, Мокуџин, Огар и Азазел, додека животните како Кума, Панда, семејството кенгури Роџер и Алекс го обезбедуваат комичниот елемент.[47] Во „Приказна“ режимот на играта, секој лик генерално има свои лични причини за влез во турнирот и натпреварување за наградата. Протагонистот на серијата варира помеѓу главните наслови; кинематскиот крај на ликот при завршувањето на играта, го одредува протагонистот на секоја од нив. Казуја Мишима е главниот јунак во оригиналната игра, неговиот татко Хеихачи Мишима е главниот јунак во Tekken 2 и Tekken 7, а Џин Казама е централниот јунак од неговото деби во Tekken 3. Конфликтот помеѓу семејството Мишима во рамките на повеќе генерации служи како главен заплет на серијата според Катсухиро Харада.[46] Иако Ларс Александерсон, заедно со другите ликови, не е целосно поврзан со нив, тие служат како главни ликови во Tekken 6 каде што Џин служи како главен антагонист наместо неговите роднини.[48] Ликовите со позадинска врска во приказната обично имаат заеднички стилови или потези. На пример, Хеихачи и Казуја Мишима, според семејната врска и учење под истата дисциплина наречена „Напреден Мишима Карате стил на борба“, имаат многу слични потези и засебен „клекнато нурнат“ став во скоро целиот свој изглед во серијата. Џин Казама, кога дебитира, го има истиот стил на борба со Мишима, иако е измешан со оној на неговата мајка Џун Казама, дисциплината „Традиционални Казама стил боречки вештини“. Поради приказната, почнувајќи од Tekken 4, тој се откажува од овој стил, и од тука користи Традиционално Карате, што технички го прави сосема поинаков лик, додека неговиот стар листинг на потези му е доделен на неговата демонска форма, Девил (Ѓавол) Џин. Во меѓувреме, има некои ликови кои пред тоа се клонови во потезите на одредени матични карактери врзани во нивната приказна, за подоцна да добијат свои уникатни потези, како што се Ли Чаолан (клон на Маршал Ло), Ана Вилијамс (клон на нејзината сестра, Нина) и Армор Кинг (клон на Кинг).[49][50] Понатаму, има и ликови кои се заменици или „наследници“ на постарите ликови; ова се случува главно во Tekken 3, поради значителниот временски скок во дејствието на играта, иако некои постари ликови сепак се враќаат подоцна заедно со нивните наследници. Примерите ги вклучуваат Џулија Ченг (заменувајќи ја нејзината менторка, Мишел), Хуоаранг (го замениува неговиот ментор Баек Доо Сан, кој подоцна се враќа) и гореспоменатиот Џин Казама (заменувајќи ги двајцата негови родители, Казуја и Џун, од кои Казуја подоцна се враќа, а Џун е заменета со Асука Казама). Некои ликови од Tekken се прикажани како гостински ликови во други видеоигри, како што се Anna Kournikova's Smash Court Tennis, Digimon World Re: Digitize, Naruto Shippuden: Ultimate Ninja Storm 2, Pac-Man Fever, PlayStation All-Stars Battle Royale, Ridge Racer 6, Smash Court Tennis Pro Tournament 2, Soulcalibur II и Urban Reign, и во некои кросовер видеоигри како што се Cross Edge, Namco × Capcom, Project X Zone, Project X Zone 2 и The King of Fighters All Star. АдаптацијаАнимирани филмовиTEKKEN: THE MOTION PICTURE, е аниме ОВА мини серија од две епизоди, издадена во Јапонија во 1998 година. Создадена е од Studio Deen, а е во режија на Кунихиса Сугишима. Приказната ја следи одмаздата на Казуја Мишима против неговиот татко Хеихачи на Првиот турнир „Крал на железната тупаница“.[51] TEKKEN: BLOOD VENGEANCE, целосно анимиран CGI 3D дигитален филм во режија на Јуичи Мури, бил премиерно прикажан во САД во 2011 година и бил објавен во Јапонија два месеци подоцна. Digital Frontier го создала, а Bandai Entertainment го дистрибуирала филмот.[52] КРВНА ОДМАЗДА е алтернативно прераскажување на настаните помеѓу Tekken 5 и Tekken 6.[53] Во Јапонија бил објавен во декември 2011 година, како дел од колекцијата Tekken Hybrid.[7] Играни филмовиTekken е акционен филм во режија на Двајт Х. Литл, а во него играат Џон Фу, Јан Ентони Дејл и Кели Овертон. Бил објавен на АФИ филмскиот фестивал на 5 ноември 2009 година и во Јапонија на 20 март 2010 година преку Ворнер. Филмот се фокусира на Џин Казама кој влегува во турнирот „Крал на железната тупаница“ по смртта на неговата мајка.[54] Катсухиро Харада, режисерот на видеоигрите Tekken, дал многу лоши критики кон филмот.[55] Претходник на овој филм, насловен TEKKEN 2: KAZUYA'S REVENGE бил објавен директно на ДВД на 12 август 2014 година. Режиран е од Вич Каосајананда и играат Кејн Косуги и Кели Венхам, а од првиот филм се враќаат Кери-Хирујуки Тагауа и Гери Дениелс.[56][57] „Варајети“ известиле дека Пол Стивенс ќе направи римејк на Tekken со кинеската компанија Financing City Network.[58] Tekken Tag Tournament 2, краток игран филм од Wild Stunt Europe, бил објавен на YouTube каналот Namco Bandai Games Europe на 19 октомври 2012 година.[59] Други МедиумиПостојат пет печатени адаптации на игрите. Knightstone Comics ги објавиле Tekken Saga и Tekken 2, издадени во октомври 1997 година, односно во септември 1998 година. Двата стрипови ги напишал Џон Ким, а ги илустрирал Волтер МекДениел.[60][61] Tekken Forever (Текен засекогаш), е стрип од Дејв Чи, илустриран од Пако Дијаз, и објавен од Image Comics во декември 2001 година, содржејќи приказна која се фокусира на семејството Казама и исто така на „Непознатиот“ лик од Tekken Tag Tournament.[62] Tekken: Tatakai no Kanatani (鉄拳:闘いの彼方に , бук. „Текен: Другата страна на борбата“) е манга напишана од Кеиичи Сузуки и издадена од Шогакукан, која била собрана во два танкобон тома со првиот на 5 декември 2000 година и вториот на 5 април 2001 година.[63][64] Tekken Comic е манга илустрирана од Руи Такато и објавена од Ultra Egg Jump во 2009 година. Иако приказната води до Шестиот турнир „Крал на железната тупаница“, таа не е канонска за главната серија на видеоигри. Во октомври 2016 година, Titan Comics објавиле нов Tekken стрип, мини-серијал со четири изданија од Каван Скот, илустрирана од Енди Тонг и објавена во средината на 2017 година. Серијата се одвива помеѓу Tekken 6 и Tekken 7 и борбата на Џин против ѓаволот во него.[65] Карактери и места од серијата, исто така, се појавуваат во колекционерската игра со карти Universal Fighting System и во Epic Battles. ПриемКритичкиот прием на игрите бил позитивен, а серијата го достигнала врвот во 1997 година, со Tekken 3 добивајќи просек од 96% на Metacritic и GameRankings, и до денес се смета за една од најдобрите борбени игри на сите времиња.[66][67] Во 1999 година, списанието Next Generation го навела серијалот како #12 на нивниот список „Топ 50 игри на сите времиња“, коментирајќи дека „Во преминот од 16-бита во 32-бита, Tekken ја украде круната на Street Fighter како крал на модерните 'тепачки' чијшто боречки гејмплеј е неверојатно зависен“.[68] Создавачите на игри кои не работеле на Tekken ја коментирале серијата на различни начини. Ед Бун, ко-творецот на Mortal Kombat, открил во едно од своите интервјуа за GamePro дека омилена конкурентска борбена игра му е Tekken.[69] И Sega и Namco покажале интерес за можен кросовер помеѓу Virtua Fighter и Tekken,[70] кој се појавил во форма на играта Project X Zone и нејзиното продолжение за 3DS. Серијата честопати била етикетирана како „соперник“ на Virtua Fighter, бидејќи двете се најпознатите 3D серијали на борбени игри.[71] Од друга страна, Томонобу Итагаки, дизајнер на серијата Dead or Alive, изразил ненаклонетост кон франшизата Tekken до тој степен што ја сместил како една од неговите најомразени игри.[72] Во филмот „ШОН НА МРТВИТЕ“ од 2004 г., ликовите Пит, Шон и Ед „остануваат цела ноќ, пиејќи јаболкова ракија и играат Tekken 2.“[73][74][75] Tekken 3 се смета за една од најдобрите игри на сите времиња.is considered one of the greatest games of all time. Во 2012 година, Complex ја рангирале Tekken на 11-то место на списокот на најдобри франшизи за видеоигри, коментирајќи: „Тогаш кога помисливме дека франшизата Street Fighter ќе биде олицетворение на борбените игри, Tekken дојде да го натера да го сподели својот дел од „борбената пита“. Tekken има обожаватели кои што култно ги доживуваат и „вдишуваат“ потезите и приказните од игрите.“[76] ПродажбаОд декември 2019 година, франшизата Tekken продала над 50 милиони копии,[1] со голем дел од продажбата постигнати додека била ексклузивна за конзолите на PlayStation.[77][78][79] Tekken 3, која е критички најуспешна во серијата, е исто така најуспешна и комерцијално, со продажба од 8,3 милиони примероци до денес, и со 1,4 милиони во Јапонија.[80] Tekken 3 е трета најпродавана борбена игра на сите времиња, веднаш зад Super Smash Bros. Brawl и Super Smash Bros. Ultimate.[81] НаследствоДа, ние ја развивме [за] PlayStation 1, 2 и сега 3, така што точно е дека навистина ни зарасна брендот PlayStation – имаме многу убави спомени и соработувавме многу блиску, исто така, со Г. Кутараги, така што имавме навистина добри односи. Ние ја сакаме платформата. “
” Бидејќи серијалот има долга историја да биде ексклузивна за PlayStation заедно со аркадните машини кои работат на хардвер на PlayStation, Tekken е тесно поврзан со брендот PlayStation.[83][84][85][86][87] Катсухиро Харада изјавил дека PlayStation останува главната платформа за развој на Tekken.[88][89] Првата игра во серијалот била првата игра на „Плејстејшн“ која продала над милион копии,[90][91] што и донела награда „Guinness World Records Gamer's Edition“ во 2008 година, меѓу другите награди меѓу кои и „Прва борбена игра да користи симулирана 3D“, и рекорд за целиот серијал, „Најпродаваната борбена серија за Плејстејшн конзолите“.[92] Tekken Tag Tournament била еден од најпопуларните наслови лансирани за PlayStation 2.[93] Друга игра развиена од Намко, Soulcalibur II, вклучува и ексклузивни ликови за различни верзии на конзолите и го претставува и Хеихачи Мишима, лик кој е во сите Текен игри и главниот јунак на Текен 2, ексклузивен за PlayStation 2.[94] Тој исто така можел да се одбере во PlayStation All-Stars Battle Royale и е омилен лик на Харада од целиот серијал.[95] Џин Казама, главниот јунак на серијата, честопати е признат како маскота на Плејстејшн. Видео најавата на Tekken 7 за PlayStation 4 претставувала ретроспективна прослава на „20 години Tekken“,[96] и верзијата на играта за PlayStation 4 содржи ексклузивна содржина од претходните наслови во серијата, вклучувајќи костуми за ликовите и музика.[97] Верзијата на PlayStation 4 била најпродаваната верзија на играта, и овозможила 6% зголемување на продажбата на хардвер во Јапонија.[98] Додека PlayStation Classic конзолата не била добро прифатена од јавноста, Tekken 3 бил вклучен во колекцијата на игри. Tekken 3 е исто така достапна во сите региони.[99] Во мај 2012 година, Намко Бандаи го отворила Текен музејот во Осака, Јапонија.[100] Музејот прикажува акциони фигури, уметнички дела, статуи од природна големина на ликовите од Текен и разна стока. Предметите што се изложени редовно се менуваат така што музејот вреди повеќекратно да се посети.[101] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia