The Cardigans
The Cardigans (транскрипција: Кардиганс) ― шведска рок-група основана во 1992 година во Јеншепинг.[2] Најпозната е по албумите „Life“ и „Gran Turismo“ и исклучително популарната песна „Lovefool“. Имаат продадено над 15 милиони албуми во светски рамки. ИсторијаПочетоци: 1992–1994The Cardigans била основана на 31 октомври 1992 година во Јеншепинг, Шведска. Ја основале хеви-метал музичарите Петер Свенсон и Магнус Свенингсон, тапанарот Бенгт Лагерберг, клавијатуристот Ларс-Олоф Јохансон и главната пејачка Нина Персон.[3] Живеејќи заедно во мал стан, The Cardigans снимиле демо-лента која била забележана од продуцентот Торе Јохансон, кој потоа им понудил да снимаат во студио во Малме. Нивниот прв албум, Emmerdale, го издале во Шведска и во Јапонија во 1994 година; албумот бил реиздаден на светско ниво во 1997 година. Албумот го содржел шведскиот радио-хит „Rise & Shine“, кој во една анкета спроведена од списанието Slitz бил прогласен за најдобар хит за 1994 година. Стекнување популарност: 1995–2000Остатокот од 1994 година го поминале на турнеја низ Европа и во снимање на албумот Life, кој бил објавен во 1995 година. Life забележал меѓународен успех, бил продаден во над милион примероци и достигнал платинест статус во Јапонија. Во 1996 година, Life бил издаден и за американскиот пазар, но во изменета верзија, како компилација на песни од двата дотогаш снимени албума. По неочекуваниот успех на албумот „Life“, The Cardigans потпишале договор со издавачката куќа Mercury Records и со нив во 1996 година го издале албумот First Band on the Moon. На албумот се наоѓала песната „Lovefool" која станала светски хит и до денес е нивен најголем успех на топ-листите. Музичкиот спот за „Lovefool" содржел исечоци од хит-филмот од 1996 година, Ромео и Јулија, во кој главните улоги ги толкувале Леонардо ди Каприо и Клер Дејнс. Песната, исто така се нашла на саундтрак-албумот од филмот Сурови намери (англ. Cruel Intentions) (1999). Во 1997 година, групата се појавила во една епизода од серијата Беверли Хилс, 90210. Нивната песна „Carnival“ била прикажана во филмот од 1997 година Остин Пауерс: Меѓународен човек на мистеријата. Групата, исто така, била замолена да достави тематска песна за филмот со Џејмс Бонд „Утрешнината никогаш не умира“, но членовите го одбиле барањето поради исцрпеност; Персон. нејзината одлука да ја одбие понудата, ја нарекла „една од моите најголеми грешки“.[4] Во 1998 година го објавиле многу помрачниот албум Gran Turismo. По издавањето на албумот следела долга пауза за чие време членовите од групата работеле на своите соло-кариери. Спотот за песната „My Favourite Game“ бил цензуриран од MTV поради прикажување несовесно возење. И покрај ова, песната станала нивен втор светски хит. „My Favourite Game“ била вметната во саундтракот од видео играта на PlayStation Gran Turismo 2. Подоцнежни изданија и активности: 2002–денес![]() Во 2003 година, The Cardigans се вратиле со многу посмирениот албум „Long Gone Before Daylight" кој содржел примеси на американска кантри-музика. Од албумот биле издадени два умерено успешни сингла: „For What It's Worth" и "You're the Storm". На 28 април 2005 година, групата преку iTunes го издала албумот iTunes Originals. На 19 октомври 2005 година, групата го издала шестиот албум Super Extra Gravity кој собрал претежно позитивни критики.[5] По завршувањето на турнејата за промоција на албумот, од есента 2006 година групата започнала подолга пауза. Групата повторно се обединила за настап на фестивалот во Халтсфред каде требало да го изведат албумот Gran Turismo во целост.[6] Петер Свенсон одбил да учествува, но немал ништо против тоа групата да оди на турнеја без него. Тие го ангажирале кантавторот Оскар Хумлебо на местото од Свенсон.[6] Групата направила камбек со концерти во Лунд и Копенхаген пред да настапат во Халтсфред, а потоа имале концерти во Полска, Финска, Русија, Индонезија, Тајван и Јапонија; закажаниот концерт во Израел бил откажан од промоторот.[7] Во мај 2023 година, Нина Персон потврдила дека Питер Свенсон никогаш повторно нема да се приклучи на групата и дека како резултат на тоа нема да има нови албуми од Кардиганс. Tие не сакале да снимаат нови песни без Свенсон.[8] Групата продолжува со повремени настапи и концерти.[9] Членови на групатаСегашни членови
Членови за турнеја
Поранешни членови
ДискографијаСтудиски албуми
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia