The Verve
The Verve ― англискa рок-група основана во Виган во 1990 година. Во оригиналниот состав на групата членувале: Ричард Ешкрофт (пејач), Ник Мекејб (гитара), Сајмон Џонс (бас-гитара) и Питер Салисбери (тапани). На почетокот свиреле психоделична и shoegaze музика, а на меѓународната музичка сцена се пробиле со албумот Urban Hymns (1997), еден од најпродаваните албуми во историјата на Обединетото Кралство.[4] И покрај огромната популарност The Verve се распаднале во 1999 година, а како причина биле наведени внатрешни несогласувања. Оригиналната постава на групата повторно се обединила во 2007 година, во 2008 година го објавувиле албумот Forth и се распаднале по трет пат во 2009 година.[5] ИсторијаОсновачките членови на Verve се запознале на колеџот во Виган и основале група која на почетокот се викала Verve. По основањето имале серија успешни настапи и поддршка од локалната музичка сцена. Во 1991 година групата потпишала договор со Hut Records,[6] а во 1993 година го издале нивниот прв албум A Storm in Heaven. Албумот бил пофален од критиката поради амбициозната и иновативна продукција, но слабо се продавал.[6] По издавањето на вториот албум A Northern Soul во 1995 година, групата поминала низ криза која резултирала со кратко разделување. На почетокот од 1997 година, Ешкрофт го замолил Мекејб да се врати во групата.[7] По враќањето на Мекејб, групата го снимила третиот студиски албум, Urban Hymns. Verve за прв пат забележале комерцијален успех. Првиот сингл од албумот, „Bitter Sweet Symphony“, се искачил на второ место на топ-листите во Велика Британија, а Би-би-си напишале дека песната „стана една од химните на годината“ и „стана речиси неизбежна“ откако била употребена во реклама за автомобил на телевизија.[8] Од истиот албум биле објавени и сингловите „The Drugs Don’t Work“ и „Lucky Man“, кои исто така биле меѓународно популарни. Албумот Urban Hymns се искачил на прво место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство.[9] На Британските музички награди во 1998 година, The Verve ги освоиле наградата за најдобра британска група[10] и најдобар британски албум Urban Hymns). На доделувањето на видеомузичките награди од MTV во 1998 година, песната „Bitter Sweet Symphony“ била номинирана за видео на годината, најдобро групно видео и најдобро алтернативно видео. Во февруари 1999 година, „Bitter Sweet Symphony“ била номинирана за награда „Греми за најдобра рок песна“.[11] Во април 1999 година, било објавено дека членовите на The Verve повторно се разделиле.[12] По распаѓањето на групата, нејзините членови продолжиле со поединечни проекти, а Ричард Ешкрофт изградил успешна соло-кариера. Во 2007 година, групата се обединила и во 2008 година го издала албумот Forth. Албумот бил позитивно прифатен од публиката и од критиката. Во август 2009 година, Гардијан шпекулирал дека The Verve се распаднале по трет пат. Запрашан за наводното разделување, Ешкрофт за Дејли Телеграф изјавил: „Можам да потврдам дека го направивме она што го зацртавме [...] Во моментов нема планови да правиме нешто во блиска иднина“.[13] Членови на групатаОфицијални членови
Дискографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia