Why Don't You Love Me (песна на Бијонсе Ноулс)
„Why Don't You Love Me“ е песна од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс од нејзиниот трет студиски албум, I Am… Sasha Fierce. Оригинално издадена како бонус песна при порана нарачка на делукс изданието на албумот, песната подоцна била издадена како бонус песна на дигиталниот EP албум наречен I Am... Sasha Fierce - The Bonus Tracks. Компонирана од Ноулсм Ангела Бејинсе, Соланж Ноулс и The Bama Boyz, песната користи ретро стил и има денс ритам. Во песната, Ноулс му поставува прашање на нејзиниот љубовник зошто не ја цени нејзината прекрасност. Се искачила на првото место на табелата во САД, Билборд Хот Денс Клуб Песни и останала таму една недела во февруари 2010, една година по оригиналното издавање на албумот. Инспирацијата во пишувањето на песната доаѓа од времето кое The Bama Boyz го поминале во Ноулс за време на крајот на нејзината B'Day Турнеја. „Why Don't You Love Me“ е Р&Б-денс-поп песна со ретро стил. Музичкото видео инспирирано од 50-тите е режирано од Мелина Мацукас и Ноулс позната под името, „Би-Зи“, која се појавува во видеото како „Б.Б. Домаќинка“. Ноулс ѝ оддала почит на Бети Пејџ во видеото, а истото го направила и во музичките видеа за „Telephone“ и „Video Phone“ во кои соработувала со Лејди Гага. Критичарите го пофалиле видеото поради костимите и сцените од 1950-тите и ги опишале глумечките способности на Ноулс како жешки, пријатни, шармирачки и забавни. На 27 август 2010, песната била издадена како промоционален сингл во Обединетото Кралство каде биле овозможени и два ремикса на песната. Се искачила на 51 место на табелата за синглови во Британија, како и на табелата за Р&Б синлови во истата држава. Иако не била издадена како интернационален сингл, песната добила вниманија во Австралија на 73 место, а се искачила на табелите „bubbling under“ во Белгија како и на 44 место во Совачка. Во САД, се искачила на деветнаесеттото место на списокот на најпуштани песни во клубовите во 2010. Позадина и издавањеЏонатан Велс од The Bama Boyz рекол дека тие одлучила да пробаат нешто поразлично од вообичаеното со мешање на различни жанрови.[1] Инспирацијата за песната дошла од времето кое тие го поминале во Лондон за време на B'Day Турнејата. Пишувањето и продукцијата започнало во Лондон и завршило на други место во 2008 година.[2] Тие признале дека структурата на песната е необична, сепак биле задоволни што завршила во рацете на Ноулс.[2] The Bama Boyz продуцираке две песни на вториот студиски албум на Соланж Ноулс, Sol-Angel and the Hadley St. Dreams и таа ги прашала дали може да направат и нешто за нејзината сестра, Бијонсе.[1] The Bama Boyz речиси намерно ја оставиле инструментацијата за „Why Don’t You Love Me“, бидејќи помислиле дека песната не звучи како другите песни кои Бијонсе ги снимала за нејзиниот албум во тоа време. Сепак, Џес Ранкинс објаснил дека тие ја запишале инструментацијата за „Why Don’t You Love Me“ во електронска пошта бидејќи знаеле дека Соланж сакала чудни снимки, но се договориле да ѝ ја пратат дури на крајот.[1] Надвор од сите мејнстрим-инспирирани обиди, The Bama Boyz ѝ испратиле песни на Соланж и таа ја одбрала најнеочекуваната песна, „Why Don’t You Love Me“.[2] Џонатан Велс коментирал: „Кога го слушнавме демото на Соланж, бевме возбудени бидејќи таа песна имаше повеќе од нашиот вистински звук отколку другите [испратени песни], но сè уште не верувавме дека Бијонсе ќе ја пее...но сепак се надевавме!“[2] Бијонсе одишла во Music World Studios во Хјустон за снимачки сесии неколку месеци откако Соланж го исекла демото.[1] Ноулс ги повикала The Bama Boyz за време на сесиите во Music World Studios, Хјустон за албумот I Am... Sasha Fierce. Неочекувано, откако Бијонсе ја пуштила „Halo“, „Why Don’t You Love Me“ почнала да се слуша преку звучниците со гласот на Ноулс кој ја пее песната. The Bama Boyz биле почестени што таа ја снимила песната.[1] Според „Anti-Music“, песната била речиси отврлена двапати: првиот пат бил кога EMI Music припремиле демо на песната за да го испратат на други артисти без сознанието дека Ноулс веќе ја снимила песната и вториот пат за време на изборот на песни во I Am... Sasha Fierce, во кој извршните продуценти почувствувале дека песната не се совпаѓа со другите песни.[1] Оригинално издадена како бонус песна за оние кои ќе го нарачаат албумот пред време на делукс изданието на I Am... Sasha Fierce,[3] песната била подоцна издадена како нова песна од платинското издание на албумот,[4] и како бонус песна заедно со „Poison“ и ремикс верзија на „Video Phone“ со поп пејачката Лејди Гага на дигитален EP наречен I Am... Sasha Fierce - The Bonus Tracks.[5] На 2 јули 2010, „Why Don’t You Love Me“ била издадена како дигитален сингл во Германија[6] додека музичкото видео било овозможено на дигитален EP.[7] Два ремикса на песната биле подоцна овозможени во Обединетото Кралство на 29 август 2009.[8] Композиција
„Why Don’t You Love Me“ е поразлична од претходните денс-поп песни на Ноулс бидејќи користи ретро стил.[9] Во песната, Ноулс го прашува нејзиниот љубовник за причините поради кои тој не ја цени нејзината прекрасност,[9] покажана во текстот:„Зошто не ме сакаш..кога правам да бидам толку лесна за сакање..Убава сум..Класична сум..Имам стил и имам задник...“[10][11] Напишана од Бијонсе Ноулс, нејзината сестра Соланж Ноулс, нејзината братучетка Енџи Бејинсе и ко-напишана од The Bama Boyz,[2] „Why Don’t You Love Me“ е забрзана песна која користи и Р&Б.[10] Содржи енергетски удари,[10] тапани, фанки гитари и бас, физајниран за да ја направи песната ритмична како и танцувачка.[12] ПриемКритички приемAll Noise ѝ дал позитивен преглед на песната, фалејќи го текстот и феминизамот на песната.[12] Исто така било изјавено дека песната е поволна за „зачувување на танцувачкиот под активен“ и дека е „инвентивно и храбро“ што песни како „Why Don't You Love Me“ ќе ја задржат Ноулс на врвот на поп-музиката.[12] Друг преглед од мрежната страница „Unreality Shout“ го пофалил ритамот и фанк влијанието во „Why Don't You Love Me“, а исто така ја нарекол интересна песна поради тоа што го напаѓа концептот да се биде игнориран од љубовник од „различен агол, а не се жали мизерно и пее во балада предводена од пијано.“[10] Настап на табелитеИако „Why Don't You Love Me“ не била издадена како сингл се искачила на врвот на Билборд табелата за Хот Денс Клуб Песни на 13 февруари 2010.[13][14] Станала дванаесеттиот број-еден хит на таа табела за Ноулс и исто така петтата последователна песна од I Am... Sasha Fierce која се искачила на првото место на таа табела.[15] На 11 јуни 2010, песната се за првпат се појавила на Австралиската Табела за Синглови.[16] Сепак наредната недела песната паднала на деведесет и првото место,[17] пред да излезе надвор од неа во наредната недела.[18] На 14 август 2010, песната за првпат се појавила на 142 место на британската табела,[19] и се поместила од седумдесет и првото на четириесеттото место на Р&Б табелата.[20] По дигиталното издавање на ремиксовите, песната се искачила на седумдесет и првото место на Британската Табела за Синглови,[21] станувајчи деветтиот последователен сингл од I Am... Sasha Fierce кој се искачил меѓу првите 75. Исто така се поместила и од четириесет и четвртото место на дваесет и петтото на Р&Б табелата на 11 септември 2010.[22] Следната недела, на 18 септември, „Why Don't You Love Me“ се поместила дваесет места во Британија за да се најде на педесет и првото место[21] и на четиринаесеттото место на Р&Б табелата.[23] Песната останала на главните табели во Белгија и се искачила на десеттото место на Ултратип табелата во Фландрија.[24] Настапи во живоНоулс ја извела песната во живо на Гластонбери Фестивалот од 2011 на 26 јуни 2011. За време на настапот таа танцувала со позадински танчери, а официјалното музичко видео на песната било прикажано зад неа.[25] Формати и списоци на песни
Личности
Извор:[26] Табели
Историја на издавање
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia