Во 2007 година, Алесандро добил забрана за тркање и неговите постигнати резултати биле поништени поради допинг. Судот подоцна изјавил дека тој не мамел намерно, туку не обратил доволно внимание на употребата на неговите легални лекови за астма.[5] Го најавил своето повлекување како водечки спринтер на 23 април 2013 и го прекинал неговиот договор со Лампре-Мерида,[4][6] но размислувал за различна улога како велосипедист.[7] Повторно му се приклучил на професионалниот велосипедизам во август 2013, приклучувајќи ѝ се на екипата Омега Парма-Квик Степ.[8]
Петаки станал професионалец во 1996 и возел за голем број на екипи. Во 2006, се преместил во екипата Тим Милрам со спринтерот Ерик Забел, што следело по распуштањето на Фаса Бортоло. Неговата експлозивна брзина му донела да освои етапи на сите три Гранд Тур. Во 2004 освоил рекордни девет етапи на Џиро д’Италија, што довело да победи и во бодовниот пласман. Го освоил неговиот прв класик во 2005, Милано-Санремо.[2]
Се откажал од Џиро д’Италија 2006, откако доживеал пад на третата етапа. Ја завршил етапата со скршено колено.[9] Во 2007, освоил пет етапи на Џиро д’Италија, зголемувајќи го бројот на ProTour победи на 21, што го правело возач со најмногу UCI ProTour победи. Во текот на таа сезона, забележал успех на престижната трка Париз-Тур. Со поддршка од неговиот колега Ерик Цабел, Петаки бил победник во масовната завршница, додека Франческо Кики и Оскар Фреир го заокружиле подиумот.[3]
Во 2010, победил на првата и четвртата етапа на Тур де Франс. Со освојување на бодовниот пласман на Тур де Франс, успеал да го заврши подвигот да ги освои сите бодовни пласмани на големите трки. Со тоа станал првиот велосипедист, кој успеал во овој подвиг од 1999 и првиот Италијанец, кој победил во бодовниот пласман на Тур де Франс од 1968.[10]
Обвинувања за допинг
По негативниот резултат за неговиот лек против астма салбутамол, кој Петаки имал дозвола да го користи, бил ставен надвор од трките и го пропуштил Тур де Франс 2007.[11] Петаки бил ослободен, кога италијанската велосипедистичка федерација објавила дека прекумерната употреба на лекот била човечка грешка.[12]
На 6 мај 2008, Судот за спортска арбитража му забранил тркање на Петаки до крајот на август, со ретроактивно дејство од ноември. Било кажано дека сите постигнати резултати во текот на Џиро д’Италија 2007 ќе бидат поништени, вклучувајќи одземање секакви медали, бодови и награда. Резултатите по 31 октомври 2007 и во текот на неговата забрана, кои биле поништени вклучувале пет етапни победи на Џиро. Судот изјавил дека Петаки немал намера да мами и дека најверојатно ненамерно зел премногу лекови, но тоа го направил од „крајна претпазливост“.[13] Случајот бил сметан за контроверзен,[14] бидејќи го тргнал од учество на Тур де Франс, како што планирал[15] и за судската одлука, во која бил суспендирал и покрај тоа што изјавуваат дека не веруваат дека мамел. Петаки останал на ставот дека не сторил ништо лошо.[16]
Како последица на ова, на 16 мај 2008, Петаки бил отстранет од екипата Тим Милрам.[17] По неговата суспензија се придружил на ЛРП Бракес-Балан.
ЛРП Бракес и потоа
По освојување неколку помали трки во 2008, Петаки ја започнал 2009 со силна форма на полукласичната трка Шелдепрајс Вландерен. Бил избран да вози на Џиро д’Италија и ги освоил втората и третата етапа, носејќи ја розовата маичка на етапата 3 и циклома маичката на етапата 2 и 5.[18]
Петаки потпишал со екипата Лампре-Фарнезе Вини за сезоната 2010.[19] Го објавил своето повлекување по Париз-Рубе 2013, наведувајќи недостиг на мотивација да продолжи како водечки спринтер. Меѓутоа, подоцна изразил желба да ја прифати понудата од Омега Парма-Квик Степ да вози како водечки човек за Марк Кевендиш, како што тој посакувал. Понудата за договорот била блокирана од UCI бидејќи било забрането возачите да се префрлаат од една екипа во друга во текот на сезоната.[20] Во јули 2013, Патрик Лефевр објавил дека Петаки ќе се приклучи на Омега Парма-Квик Степ од почетоко на август со 14-месечен договор.[8] На 12 април 2014 година ја остварил првата победа со неговата нова екипа на Гран при Пино Черами и исто така прва победа од 2012 година. Во јануари 2015 година било најавено дека Петаки ќе вози за екипата Саутист Про Сајклинг во 2015 година.[1]