Атентат врз Франц Фердинанд
![]() ![]() Атентатот врз надвојводата Франц Фердинанд од Австрија — Сараевски атентат кој довел до избувнувањето на Првата светска војна се случил на 28 јуни 1914 во Сараево, во тогашна Австроунгарија. Надвојводата Франц Фердинанд, кој бил и престолонаследник на австроунгарскиот престол, патувал со својата сопруга Софи, војвотка од Хохенберг во отворен автомобил, и двајцата биле застрелани и убиени од Гаврило Принцип, еден од групата од шест заговорници предводени од Данило Илиќ.[1] Политичката цел на атентатот била да се принуди Австроунгарија да се повлече од јужно-словенските територии, за да се овозможи создавање на Голема Србија или Југославија.[2] Атентаторот му припаѓал на движењето што подоцна станало познато како Млада Босна и кое се залагало за приклучување на Босна кон нова јужно-словенска држава - Југославија. Наредбодавец на овие млади заговорници бил шефот на српското разузнавање Драгутин Димитријевиќ-Апис. Неговите луѓе ги наоружале атентаторите со бомби и пиштоли, и им дале обука за ракување со оружјето и за атентатот. Атентаторите и заговорниците кои биле уапсени, осудени и казнети во Сараево во октомври 1914, а останатите ги осудила Србија во 1916-1917 година, во привремен суд во Солун, тогаш под француска окупација. Она што се знае за атентатот главно доаѓа од овие судења. Иницијаторите и причините за атентатот се многу деликатно прашање, бидејќи овој настан довел до почетокот на Првата светска војна, кога Австроунгарија, предизвикана од атентатот, ѝ објавила војна и ја нападнала Србија еден месец подоцна.[3] Австријската полиција брзо ги фатила заговорниците во атентатот, и тие биле осудени во октомври 1914 во Сараево:
Димитријевиќ признал дека тој го организирал атентатот и изгледа дека тоа го направил на своја рака. Австроунгарските извори пак, велат дека в.д. премиерот на Србија Никола Пашиќ бил информиран за подготовката на атентатот и се обидел да ја предупреди австријската влада преку амбасадорот во Виена, но тоа предупредување не било земено сериозно.[4] Шефот на разузнавањето Димитријевиќ и неговите подредени кои учествувале во организацијата на атентатот биле осудени на судењето во Солун во 1916 - 1917 :
ПоследициАвстроунгарија била крајно револтирана од атентатот, а на своја страна го имала и меѓународното сочувство за смртта на престолонаследникот. Со цел еднаш засекогаш да расчисти со заканата која ја гледале во Србија, и за да ги осигури своите позиции на Балканот[5], на 23 јули 1914. ѝ испорачала на Србија ултиматум со барања меѓу кои:
Србија не ги прифатила овие барања, туку побарала и добила поддршка од Русија и извршила мобилизација на војската. Истовремено, Австроунгарија го потврдила своето сојузништво со Германија и Унгарија, и на 28 јули 1914 ѝ објавила војна на Србија.[6] Ова го означило почетокот на Првата светска војна, во која набрзо се вклучиле и Франција, Русија, Германија и Велика Британија. Атентатот врз Франц Фердинанд како мотив во уметноста и во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia