Ако два тима имаат еднаков број на бодови, ќе се употреби следниот начин на рангирање:
Тимот што победил на меѓусебниот натпревар ќе биде рангиран повисоко.
Доколку натпреварот бил нерешен ќе се споредат натпреварите против највисоко рангираниот тим од останатите тимови во групата.
Прво се споредува гол разликата, а доколку и понатаму е изедначено и постигнатите голови.
Ако и понатаму е се еднакво се споредуваат гол разликите, а ако и тоа е исто постигнатите голови.
Доколку и понатаму е исто тогаш ќе се споредат натпреварите против следниот највисоко рангиран тим од останатите тимови во групата.
Доколку и понатаму е се еднакво ќе се изведуваат пенали, тимовите треба да номинираат 5 играчи кои ќе ги изведуваат и еден голман, доколку по 5те изведени пенали резултатот е ист ќе се игра сè додека еден не направи грешка, а другиот да не ја повтори. Доколку тимовите играат во последното коло пеналите ќе се изведуваат тогаш, а ако не на некое определено време.
Доколку има од два вакви случаи првин се решава оној кој е за повисоко место.
Ако три или повеќе тима имаат еднаков број на бодови, ќе се употреби следниот начин на рангирање:
Резултатите помеѓу тие тимови ќе одредат кој ќе биде повисоко рангиран.
Доколку со ова се добијат само два изедначи тима тогаш ќе се употреби горе споменатиот критериум:
Првин споредбата ќе се прва според бодови, па според гол разликата, па според дадените голови
Доколку и понатаму е изедначено ќе се споредат натпреварите против највисоко рангираниот тим од останатите тимови во групата.