Википедија:Водич за барања за администраторски статус
Ова е водич за процесот за барање на администраторски статус (БзАС) на Википедија, механизмот по кој уредниците се разгледуваат за добивање на администраторски статус. За да се стане администратор, мора да постои јасен консензус дека сте посветени на Википедија и дека ги знаете и се држите до нејзините правила и напатствија. За неподготвен корисник, дури и за вреден придонесувач, процесот може да биде фрустрирачки и обесхрабрувачки. Корисникот што размислува за прифаќање на номинација не треба да го разбере овој водич како пречка за номинацијата. Затоа, ниеден Википедијанец не треба да го користи овој водич за разубедување на кандидат што сака да ја прифати номинацијата. Ова е само водич за процесот Википедија:Барања за администраторски статус, а не правилник. За пократко објаснување, видете миниводич за барања за администраторски статус. ПрегледБзАС е начин на Википедија-заедницата за развивање на консензус за тоа дали еден уредник треба да добие администраторски права, како способностите за бришење на страници, заштитување на страници, уредување на заштитени страници и блокирање на корисници.
Најчести полиња каде што корисниците имаат очекувања се оние што покажуваат:
Општи совети за номиниранитеПроцесот на номинација не е наменет како форум за гласање за популарноста на номинираниот или неговата сила како уредник. Тоа е форум преку кој се добива консензус за тоа дали уредникот треба да добие администраторски права. Уредникот не треба да го разбере произлезот од БзАС како потврда или осуда на нивната работа како уредник, туку како проценка на неговата можност соодветно да ги користи администраторските права. БзАС е многу отворен гласачки процес каде што вашето досие ќе биде разгледувано од искусни корисници коишто веќе се одлучиле какви типови на луѓе тие мислат дека треба да бидат администратори. БзАС е отворено за секого, вклучувајќи и корисници со кои може да сте имале несогласувања во минатото, како и нови и неискусни корисници со кои може сѐ уште да имате несогласувања. За некои корисници, нивото на критичност и сериозност е премногу тешко. Некои уредници ја напуштиле Википедија како последица од некое непријатно БзАС. Ова не треба да се случува, бидејќи овој процес не ја суди вредноста на корисниците за Википедија. Постојат многу добри уредници кои не би биле добри администратори. Што да се има на ум пред прифаќање на номинацијаРаботи што потенцијалните номинирани треба да ги имаат на ум пред да прифатат номинација:
Следете инструкцииНоминацискиот процес има јасни инструкции за составување, прифаќање и праќање на номинација. Многу придонесувачи на БзАС гледаат со сомнеж на номинираните кои не ги следат инструкциите правилно. Од администраторите се очекува да ги читаат и да ги следат правилата. Неможноста тоа да го прави номинираниот е лош знак. Ако нешто е нејасно, прашајте ја личноста што ве номинирала, оставете порака на разговорната страница за ВП:БзАС или прашајте некој корисник кој номинирал некој друг. Избегнувајте грешки, наместо да ги правите и потоа да ги поправате. Што бараат придонесувачите кон БзАСПридонесувачите кон БзАС сакаат да видат позадина на вклученост и доказ дека можете да ги применувате правилата на Википедија смирено, зрело и непристрастно. Она што најчесто се бара е следното:
Овие квалитети не се задолжителни и секогаш постојат исклучоци, но ако ги разгледате вашите придонеси и заклучите дека некои од овие фалат, можеби е подобро да го проширите своето искуство пред БзАС. Постојат уште неколку други работи што гласачите ги очекуваат, како на пример дали имате поставено адреса за е-пошта. Ова е многу важно за контакт со администраторите, бидејќи им е потребно на корисниците што биле блокирани.
Што бараат придонесувачите кон БзАС и се надеваат да не најдатБез разлика на вашето искуство, некои ваши дела може да причинат проблеми. Еве неколку работи, наредени по ниво на сериозност, почнувајќи од најсериозното, коишто, ако се наоѓаат во вашата историја на уредување, ќе покренат сериозен сомнеж и дискусија:
Сепак, некои БзАС биле успешни и покрај нешто од горенаведеното. Важните фактори се:
Други контроверзииАко сте биле вмешани во дискусии за многу контроверзни статии, вашето администраторство може да биде мета на жестоки приговори врз основа на вашата вмешаност во тие страници. Ова може да ја намали вашата шанса за станување администратор. Во некои случаи, гласачите може да се обидат да оддржат „баланс на моќ“ вез контроверзни теми со тоа што ќе се противат на потенцијални администратори вмешани во дискусијата на спротивната страна. Можеби е добра идеја да ја наведете таа контроверзност при одговарање на прашањето „Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали сметате дека другите корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднината?“. Можете да истакнете како сте се справиле со контроверзијата, наведете примери од вашите уредувања и вашите одговори на нецивилизирани коментари од други. Сепак, ако сте биле вмешани во уредувачки војни (освен во случаи на очигледен вандализам) или сте биле нецивилизирани на тие страници, тоа може сериозно да му наштети на вашето БзАС. Една можност е да почнете темелно разгледување на вашата историја и да ги контактирате сите уредници кои имале некакви конфликти со вас. Ако ги расчистите сите можни приговори против вас пред вашето БзАС, подобро ќе можете да одговорите на приговорите за време на БзАС. Општи совети за номинирачиНоминирачите треба да бидат внимателни во нивната одлука да номинираат некого за администраторски статус. Како што е погоре назначено, процесот за БзАС може да доведе до непријатни резултати. Номинирачот треба да размисли за можните негативни влијанија врз номинираниот и да биде сигурен дека прави соодветна номинација. Една номинација се состои од воведна номинациска изјава, а потоа на номинираниот му се поставуваат три прашања. Кога правите номинација за некого, вклучувајќи се и себеси, во изјавата треба да посочите зошто мислите дека номинираниот треба да биде администратор. Можете да дадете некои информации за значајната работа на номинираниот, полиња во коишто номинираниот веќе помогнал со задачи за администратори, колку долго се на проектот и нивната способност да се справуваат со стресни ситуации. Изјави од само еден ред не му помагаат многу на номинираниот и можат лошо да влијаат на БзАС. Кога номинирате некого, добро би било да го прашате дали сака да биде номиниран пред да направите номинација според инструкциите на Википедија:Барања за администраторски статус/номинации. Ако личноста ја прифаќа номинацијата, на неговата разговорна страница треба да ја поставите предлошката {{subst:RfA-nom|YOUR USERNAME}}. Тој ќе даде некои основни информации за тоа што номинираниот треба да прави. Откако БзАС е создадено, добро е заеднички да работите со номинираниот за внимателно да ја направите номинацијата пред да почне процесот на ВП:БЗАС. Можете на номинираниот да му дадете некој совет за одговарање на прашањата, да поправите некои грешки на БзАС и воопшто да го подготвите БзАС за успешен произлез. Најчести грешки се лошо форматирање на крајниот датум за гласање, неприфаќање на номинацијата на БзАС по грешка, како и гласање на номинираниот за себеси. Лошо подготвени БзАС не се ценети од придонесувачите кон БзАС, бидејќи за некои, ова претставува недостаток на внимание и недостаток на почит спрема процесот на БзАС. Додека гласањето е во тек, бидете спремни да одговорите на прашања поставени од номинираниот, а ако процесот тргне на лошо, посоветувајте го номинираниот да размисли за повлекување (видете завршување подолу). Процесот на номинацијаПроцесот на номинација за БзАС постепено се развива. Пред неколку години, номинациите претставуваа само импровизирани коментари. Подоцна, процесот стана поформализиран, како страницата ВП:БзАС. Со текот на времето се прават напори за подобрување на процесот. Сегашниот процес е прилично јасен и прецизен. Пред номинирањеБило вие или друг уредник може да ве номинира за администратор. Секој може да биде администратор и секој може да номинира кандидат. Сепак, имајте на ум дека номинираните кои не биле на Википедија доволно долго немаат добри предиспозиции за администратори и најчесто не се доволно познати меѓу гласачите. Добро би било прво да му се пристапи на номинираниот за да се открие дали би ја прифатил номинацијата. За да се номинирате себеси или некој друг да ве номинира, треба да се следат инструкциите наведени во Википедија:Барања за администраторски статус/номинации. Ако сте номинирани, тогаш исто така следете ги тие инструкции. Откако, следејќи ги инструкциите, барањето е пратено на ВП.БзАС, номинацијата е отворена за дискусии. Не треба да се коментира на потстраниците на БзАС пред да бидат пратени на БзАС, нити пак треба да се гласа на истите. Номинираните треба полека да се вклучуваат во процесот. Не постои краен рок и нема потреба од брзање. Подобро е да се внимава, отколку да се брза и да се прават грешки. За време на номинацијатаБзАС останува отворено неколку дена, почнувајќи со моментот кога номинацијата е пратена на ВП:БЗА. Придонесувачите кон БзА даваат коментари кога што тие сакаат. Понекогаш, тие поставуваат и дополнителни прашања, покрај трите стандардни. Номинираните треба да го следат процесот за да можат да одговараат на вакви прашања или други коментари за нивното БзАС. Отсуство на номинираниот за време на седумте дена на процесот може да им наштетат на неговите шанси за успех. Сепак, важно е да се има на ум дека БзАС не е форум за дебата. БзАС е тесно поврзана со прифатливоста на номинираниот како администратор. Така, лошо поведение од кандидатот би требало да има негативни последици. ЗавршувањеНекое време по завршувањето на седумте дена предвидени за БзАС, некој бирократ ќе го разгледа БзАС и ќе го затвори. Бирократот ќе го затвори БзАС веднаш штом е возможно, што може да биде неколку часа или ден-два по формалниот рок. Не го отстранувајте вашето БзАС од ВП:БЗАС, освен ако не сакате да се повлечете од номинацијата. Ако сакате да се повлечете од номинацијата откако веќе била отворена, можете да го направите тоа со тоа што едноставно ќе го пречкртате вашето прифаќање и ќе додадете дека се повелкувате. Тоа можете да го направите со тоа што ќе ставите <s> пред прифаќањето на номинацијата, а на крајот од прифаќањето ќе ставите </s>. Тоа би требало да изгледа вака:
Ако сакате, можете самите да го отстраните БзАС од ВП:БЗАС, но подобро е да не го правите тоа. Ако веќе го отстранувате, би требало да ја ставите предлошката {{subst:rfaf}} на врвот на БзАС и {{subst:rfab}} на дното, да ја отстраните целата линија со врската „гласајте тука“ и да ја замените со '''Завршено''', да го замените крајниот датум со датумот кога сте се повлекле и да ја обновите листата со вкупните гласови. Покрај тоа, би требало да ја вклучите вашата номинација во Википедија:Неуспешни кандидатури за администраторски статус. Датумот што треба да го ставите на таа страница е датумот кога сте се повлекле. Немојте да ставате пораки од типот „благодарам за гласањето“ на разговорните страници на гласачите. Подобро е тоа да го направите на вашата разговорна страница и/или на разговорната страница на вашето БзАС. Ако не се согласувате со консензусотБирократите се тие чија работа е да одлучат кога е постигнат консензус кога затвораат барање за администраторски статус. Бидејќи БзАС не оди по принципот на мнозински гласови, не постои точно определен процент за „успех“ или „неуспех“, а бирократот може да отфрли коментари што се дадени со лоша намера или се од несигурна валидност. Сепак, само за ориентација, веројатно е да имате успех ако добиете барем 75% поддршка. Номинациите коишто добиваат помалку од 70% поддршка најчесто не успеваат, освен во посебни околности. Ако сметате дека некоја номинација е неправедно прогласена за неуспешна, можете да започнете петиција кај бирократот што ја донел одлуката. Бирократите имаат опција да ги продолжат БзАС кога мислат дека тоа е неопходно. Друга можност е да почекате некое време и или повторно да се номинирате себеси или некој друг да ве номинира по втор пат. Постојат администратори кои не успеале во првата номинација, но следната номинација лесно им успеала. Во некои случаи, некои номинирани се обиделе и повеќе од двапати. Првата номинација не е единствена шанса да се стане администратор. Номинации за бирократски статусНоминациите за бирократски статус (БзБС) исто така се разгледуваат на ВП:БЗАС. Бирократите се одговорни за три задачи: одлучување на консензуси на БзАС и БзБС и давање права на успешни номинации, одговарање на барања за менување на кориснички имиња и давање права на ботови. Процесот за БзБС е сличен со процесот за БзАС во речиси сите погледи, со некои отстапки:
Како последицата од повисокото ниво на консензус што се бара, многу повеќе барања за бирократски статус се одбиваат, за разлика од оние за администраторски статус. Што често бараат придонесувачите кон БзБС
Повторно кандидирањеПоранешните администратори може да бараат враќање на нивните привилегии преку БзАС, освен ако тоа не им се забранило. Администраторите кои се откажале доброволно од нивниот статус под неконтроверзни околности, смеат да побараат да се прескокне БзАС. Откако ќе се утврди дека корисникот бил во добра состојба за време на откажувањето од администраторскиот статус и дека моментално е, бирократот може веднаш да му ги врати правата. Ако постои сомневање дека враќањето на статусот не би било поддржано со консензус од страна на заедницата, корисникот ќе треба да помине низ БзАС. Принципот за донесување на такви одлуки, објаснет на Википедија:Бирократи, е дека бирократите може да дадат администраторски статус само кога тоа би ги задоволило очекувањата на заедницата. Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia