Википедија:Солидарност со штрајкот на корисниците на Википедија на руски јазик
Приказ на изгледот на главната страница на Википедија на руски јазик на 10 јули 2012 година
На Википедија на руски јазик сите содржини се скриени како знак на протест на заедницата на руски википедијанци кон второто сослушување на предлогот за измени на „Законот за информации“ од страна на Државната дума, со кои ќе овозможи формирање на списоци на забранети страници и IP-адреси до кои ќе биде целосно забранет пристапот и ќе создадат основа за вистинска цензура на Интернетот во Русија, а меѓудругото и кон Википедија на руски јазик.
Оваа страница служи за искажување на солидарност кон штрајкот на корисниците на Википедија на руски јазик, на која својот потпис може да го остави секој оној кој го поддржува овој штрајк.