Вимблдон
![]() Првенството Вимблдон, или многу попознат само како Вимблдон — најстариот голем турнир во тенис и е општо признат и како најпрестижен во белиот спорт [1]. Се одржува секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули [2] во период од две седмици (обично завршува, најдоцна, на втората недела во јули) на тениските терени на Ол Ингланд Клубот (All England Lawn Tennis and Croquet Club) во Лондон, Англија. Турнирот е третиот Гренд Слем настан по ред, веднаш по Австралијан Опен и Ролан Гарос, а пред ЈуЕс Опен. Често, како резултат на честите врнежи, самиот настан се оддолжува. Симултано се одржуваат неколку турнири, сите за време на истиот период, и тоа во поединечна конкуренција кај мажите, поединечна конкуренција кај мажите, во двојки кај мажите и жените, како и во мешани двојки. Младинските турнири – поединечна конкуренција за момчиња, поединечна конкуренција за девојки, двојки за момчиња и двојки за девојки – исто така се одржуваат. Покрај тоа, Вимблдон е познат и по своите специјални турнирски типови: двојки за мажи над 35 години, двојки за мажи над 45 години, двојки за жени над 35 години и двојки за лица во инвалидска количка. Белешки
Надворешни врски
Галерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia