Воена академија 2Воена академија 2 е српски филм од 2013 година и е продолжение на ТВ серијата Воена академија[1] од 2012 година. Режисер е Дејан Зечевиќ, а сценариото го напишале Бобан Јевтиќ и Гордан Михиќ.[2] Филмот бил премиерно прикажан на 6 ноември 2013 година во Сава Центар.[3][4] Заедно со филмот, била снимена и втората сезона од телевизиската серија од седум епизоди, чија премиера била емитувана во февруари и март 2014 година.[5] СинопсисСе ближи крајот на школувањето, а притисокот врз младите кадети расте. Секојдневниот живот на Воената академија, барајќи обука и високи стандарди на образование се испреплетени со приватните проблеми и искушенија на амбициозните млади момци и девојки кои се наоѓаат на животна пресвртница. Кој ќе заврши академија, а кој ќе се откаже? Која љубов ќе го издржат тестот на времето и разните искушенија, а кои врски неповратно ќе згаснат?[2] Улоги
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia