Војна на синовите на светлината против синовите на темнината![]() Војна на синовите на светлината против синовите на темнината, познато и како „Воени правила“, „Правила за војна“ и „Воен свиток“, е упатство за воена организација и стратегија откриено меѓу Свитоците од Мртвото Море. Текстот бил пронајден во кумранската пештера 1; во сопственост на Еврејскиот универзитет во Ерусалим и за првпат е објавен посмртно од Елеазар Сукеник во 1955 година.[1] Документот содржи повеќе свитоци и фрагменти, вклучувајќи ги 1QM, и 4Q491-497.[1] Се претпоставува дека Војна на Месијата е заклучок на овој документ.[2] Фрагменти од 4Q491-497 биле објавени во серијалот од 40 тома со наслов Откритија во пустината Јудеја, во том 7, каде е вклучен кус преглед на Воениот свиток.[1] Тематски, инспириан е од зороастриски текстови. ИсторијаКако период на настанување на овој документ се земаат два важни периоди: периодот на Селевкидската Империја и Римскиот период.[3] Оние кои го посочуваат селевкидскиот период, сметаат дека поконкретно е од почетокот на Макавејската војна (165 или 164 п.н.е.), стекнувањето со воена моќ на Јонатан Апфус (143 п.н.е.), и владеењето на Јован Хиркан (135-104 п.н.е.).[4] Научниците кои веруваат дека свитокот бил создаден за време на римскиот период, укажуваат на датуми од средина на првиот век п.н.е. до првата декада од првиот век од нашата ера.[4] Описите на оружје и тактики, пак, го навеле Игаел Јадин да го датира документот во периодот меѓу освојувањето на Ерусалим од страна на Помпеј (65 п.н.е.) и смртта на Ирод Велики (4 п.н.е.).[1] Авторот Расел Гмиркин во делото „Воениот свиток и римското оружје“ не се согласува со датирањето и анализата на Јадин, и според описите на оружјето документот го датира во вториот век п.н.е.[5] Пензионираниот потполковник на американската армија Питер Фром се согласува со Гмиркин и смета дека описите на оружјето се од 2 век п.н.е.[6] Научниците не можат да го утврдат авторот на текстот. Поради кохезивноста на ракописот, некои сметаат дека е дело на еден човек.[1] Повеќето од научниците сметаат дека текстот е составен од повеќе документи кои служеле како извори за пишувачот.[7] Денес, жанрот на 1QM е опишан како апокалиптична литература, иако некои преведувачи и толкувачи тврдат дека таа всушност е дел од секташка литургија или тактички расправа. Жан Дуаим верува дека текстот бил класифициран како дел од текстовите за правила на Кумранитите.[8] СодржинаОвие свитоци содржат апокалиптички предвидувања за војна меѓу синовите на светлината и синовите на темнината. Војната е опишана во два посебни дела, првиот дел (Војната против Китим) опишува битка меѓу синовите на светлината, меѓу кои се синовите на Леви, синовите на Јуда и синовите на Венијамин, кои се прогонети во пустината, против Едом, Моав, синовите на Амон, Амалек, Филистија и нивните сојузници Китим и Ашур (сите заедно наречени војската на Белиал), и оние кои им помагале а кои „го кршат заветот“. Вториот дел (Војната на поделби) опишува дека синовите на светлината, кои сега се обединети дванаесет племиња на Израил, ги победуваат „народите на суетата“.[9] На крајот, целата темнина е уништена и светлината вечно ќе живее во мир.[7] Текстот дава детали за трубите и објавите за војна и литургиите на свештениците во текот на конфликтот. Постојат клучни разлики во тоа како се опишани Војната против Китим и Војната на поделби. Војната против Китим е опишана како еднодневна битка со седум фази, при што синовите на светлината и синовите на темнината победуваат по три од првите шест, а потоа следува конечната победа на синовите на светлината со божествена интервенција. Не е јасно дали се мисли на вистински период од 24 часа, но се чини дека нема долготрајна битка. По оваа војна, имало шестгодишен период на подготовка кој завршува со обнова на Храмот во Ерусалим. На почетокот од Војната на поделби се вели дека останале уште 33 години војна од вкупно 40 години војна. Во Војната против Китим секоја страна се бори со ангелски домаќини и натприродни суштества на своја страна, а конечната победа синовите на светлината ја извојувале со директна помош на Бога. Во Војната на поделби, пак, не се споменуваат ангели или натприродни сојузници кои се борат од страната на израелските племиња или на нацијата. Друга забележлива разлика е дека во Војната против Китим синовите на светлината трипати се поразени пред конечната победа, а во Војната на поделби не се споменува пораз или неуспех од каков било вид.[7] Игаел Јадин и Геза Вермес сметаат дека описите на вооружувањето, опремата и формацијата на синовите на светлината во основа се римски методи на војување.[10] Структура1QM содржи 19 колони, од кои првите 14-19 линии од секоја колона се зачувани.[1]
Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia