Е-Соништа (E-dreams)
e-Dreams е американски документарен филм од 2001 година, во режија на Вонсук Чин, кој го прикажува подемот и падот на Kozmo.com, онлајн продавница за погодности, која преку работници на велосипеди ги испраќала продуктите нарачани онлајн во рок од еден час кај купувачите. Филмот ги следи Џозеф Парк и Јонг Канг, 28-годишни Корејски Американци, чија компанија започнала како идеја на Парк во 1998 година и околу јануари 1999 година станала реалност, со тоа што се состоела од магацин со мала група вработени, а пораснала на 3.000 вработени и 11-градска мрежа во рок од една година. Kozmo.com собрало 280 милиони долари капитал и го привлекол вниманието на Amazon.com и Starbucks. Но, недостатокот на одржлив бизнис план и неможноста да се собере дополнителен капитал поради падот на dot-com и корекција на берзата што започнала во април 2000 година, придонело до падот на компанијата во 2001 година.[1][2] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia