За нас
За нас е книга од авторот Филип Петровски од 2003 година, во издание на Македонска книга Скопје. Во книгата се содржани 37 поглавја, вклучувајќи ги воведот и додатокот. Книгата е посветена на студентските протести од 1997 година, на политичките случувања и современата македонска политичка историја во периодот од 1995 до 2005 година, како и на активноста на Филип Петровски во тој период. Во книгата се поместени два поговора, едниот со наслов „Борба на пратеникот“ напишан од Стојан Андов, и вториот со наслов „Исповед и протест“ напишан од Слободан Чашуле. Книгата е преведена на бугарски јазик.[1] СодржинаВо воведот што го дава самиот автор, најпрво на читателите им објаснува кои се поривите да биде напишана книгата:
Голем дел од книгата го сочинуваат текстовите од настапите на Филип Петровски како пратеник, како и неколку текстови од главните настапи на авторот во периодот кога тој не беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Структурата на книгата е многу едноставна: после воведниот дел сместени се триесет и четири подолги или пократки текстови, а на крајот е ставен „Додаток“ кој содржи четири документи. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia