КК Работнички сезона 2015/16
Сезоната 2015/16 на КК Работнички била 24. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 70. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона во Првенството и во Купот стигнал до четвртфиналето, додека во Суперкупот бил вицепрвак. Преглед на сезонатаПретсезонски подготовки и промениНа крајот на јуни, Димитар Мираковски потпишал нов договор со Работнички за новата сезона.[1] Претседателот на КК Работнички - Ристо Гапиќ ги најавил целите за новата сезона, односно подмладување на составот, и создавање своја сопствена академија. Исто така тој најавил дека клубот нема да цели кон нови титули во новата сезона, туку поработување на внатрешната состојба на клубот.[2] Во јули, слободниот агент и најкорисен играч на претходната сезона - Ѓорѓи Чековски потпишал за косовски Сигал Приштина.[3][4][5] Управата на КК Работнички била во исчекување колкав ќе и биде буџетот за новата сезона, која требала да го добие од главниот сопственик - Општината Центар.[6] Дарко Соколов во август 2015 година по истекот на договорот го напуштил Работнички и потпишал за Карпош Соколи.[7][8][9] Неколку дена подоцна, доскорешните кошаркари на Работнички, Црногорецот Игор Бијелиќ и Србинот Марко Ѓурковиќ, потпишале за Куманово 2009,[10][11][12] односно за романска БЦМ У Питешт.[13][14] Клубот го напуштиле и Марјан Ѓуров како и Србинот Миљан Павковиќ. На местото на Марјан Србиновски, кој претходно станал селектор на македонската репрезентација, на негово место дошол Перо Блажевски на функцијата помошник тренер.[15] На средината на август, крилниот центар на екипата од минатата сезона - Тодор Гечевски станал координатор на младинските школи.[16][17][18] На крајот на септември слободните агенти, репрезентативецот Стојан Ѓуроски кој претходната сезона играл за бугарски Левски и Бојан Крстевски кој настапувал во грчка Кавала, потпишале отворен договор со клубот.[19][20][21] Потпишал и Александар Стефановски кој дошол од екипата на Водњански Лисици.[22] Воедно во екипата се приклучиле и Андреј Цветковски од МЗТ Аеродром, Србинот Петар Николиќ од Водњански Лисици, Виктор Ефремовски од Вардар, Виктор Серафимовски од Шкупи, Ервин Цого од косовски Кастриоти, Томислав Петров од Кожув, како и Алаудин Мустафа од младинската екипа.[23] Истовремено бил одржан Управниот Одбор при што се одлучило колкав буџет ќе добие клубот за престојната сезона.[24][25] Во возобновениот Суперкуп на Македонија кој се играл во Охрид и кој бил со нов формат,[26][27][28] Работнички во полуфиналето го победил фаворитот на хартија - Кожув со 79:56. Најмногу бодови остварил Стојан Ѓуровски кој завршил со 17 бода, Бојан Крстевски забележал 8 скокови додека Димитар Мираковски имал 8 асистенции.[29][30] Во финалето Работнички бил поразен од МЗТ Аеродром со резултат 62:81. Димитар Мираковски постигнал 16 бода и пет асистенции, додека Стојан Ѓуровски имал осум скокови.[31] Воедно Мираковски го добил признанието најкорисен играч на турнирот.[32][33][34] На почетокот на октомври, бившиот селектор на македонската репрезентација Александар Џикиќ бил гостин во клубот каде одржал предавања на младинските екипи како и на тренерите.[35][36] Пред самиот почеток на новата сезона, нов договор потпишале Ивица Димчевски, Јане Петровски, како и репрезентативецот Бојан Трајковски кој претходно играл во Сигал Приштина.[37][38] ОктомвриВо првото коло во Првенството, Работнички му гостувал на Кожув, каде бил поразен со 88:67. Најмногу бодови остварил Стојан Ѓуроски - 13, Петар Николиќ и Бојан Трајковски завршиле со пет скокови, а капитенот Димитар Мираковски имал пет асистенции.[39] Иако било најавено дека Бојан Трајковски кој имал потпишано отворен договор со Работнички, дека преминал во грчки Аполон Патрас,[40][41][42] тој сепак не нашол заеднички договор со Аполон и останал во Работнички.[43][44] Во второто коло, Работнички му бил домаќин на гевгелиски Бест кој го победил со 84:46. Најдобар бодтер бил Виктор Серафимовски со 19 бода, Бојан Трајковски забележал седум скокови и Димитар Мираковски имал пет асистенции.[45] За време на последните тренинзи пред натпреварот против Фени Индустри, Ивица Димчевски ги скинал лигаментите на коленото и лекарските прегледи потврдиле дека ќе ја пропушти целата сезона.[46][47][48][49] Истовремено пред натпреварот, во екипата пристигнал Јован Марковски кој бил слободен играч, а претходно настапувал во Фени Индустри. Третото коло било одбележано со победа кога Работнички го победил Фени Индустри на гости со 79:82. Бојан Трајковски имал 23 бода и седум скокови, а Димитар Мираковски придонел со девет асистенции.[50] Работнички во четвртото коло ја пречекал Струмица и ја победил со 88:68. Најдобар бил Бојан Трајковски со 22 бода и десет скокови, а Димитар Мираковски придонел со шест асистенции.[51] НоемвриВо петтото коло Работнички бил поразен при гостувањето кај МЗТ Аеродром со 90:85. Јане Петровски постигнал 22 бода како и четири скокови, а исто толку скокови имале Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски и Бојан Трајковски, воедно Димитар Мираковски имал девет асистенции.[52] Во шестото коло Работнички бил поразен кога му бил домаќин на Куманово 2009 со резултат 64:82. Најмногу бодови остварил Стојан Ѓуроски - 16, а Димитар Мираковски имал седум скокови и шест асистенции.[53] По шестото коло, Јане Петровски го напуштил Работнички и потпишал за Фени Индустри.[54][55][56] Во седмото коло Работнички гостувал кај Карпош Соколи 2000 и притоа бил поразен со 87:64. Бојан Крстевски имал 15 бода, Стојан Ѓуроски остварил седум скокови исто како и Димитар Мираковски кој воедно имал и девет асистенции.[57] Претходно од составот биле отстранети Ервин Цого кој заминал во Шкупи[58] и Виктор Серафимовски кој се преселил во Гостивар 2015, а бил пријавен Михајло Митев. На крајот на ноември, Работнички раскинал со Бојан Трајковски кој потпишал со Куманово 2009,[59][60] а на негово место дошол повратникот Ѓорѓи Чековски потпишувајќи отворен договор, откако претходно Чековски раскинал со косовска Сигал Приштина.[61][62] Во осмото коло Работнички загубил дома од Кожув со резултат 61:62. Најдобар поединец бил Горѓи Чековски со 28 бода и девет скокови, додека Димитар Мираковски остварил пет асистенции.[63] ДекемвриВо деветтото коло Работнички гостувал кај Бест и го победил со 56:84. Најдобар бодтер бил Стојан Ѓуроски со 22 бода и со 14 скокови, а Ѓорѓи Чековски имал четири асистенции.[64] Во десеттото коло Работнички бил поразен од Фени Индустри на домашен терен со 59:76. Најдобар играч бил Димитар Мираковски со 14 бода и шест асистенции, додека Ѓорѓи Чековски имал десет скокови.[65] Во единаесеттото коло била поразена Струмица на гости со 56:79. Најдобар поединец бил Димитар Мираковски со 20 бода и три асистенции, а Ѓорѓи Чековски остварил 11 скокови.[66] Во дванаесеттото коло Работнички бил поразен дома од МЗТ Аеродром со 75:86. Најистакнати биле Ѓорѓи Чековски со 23 бода и 11 скокови и Димитар Мираковски со 10 асистенции.[67] Веднаш по натпреварот Стојан Ѓуроски го напуштил клубот и се преселил во Кожув.[68][69][70] Истовремено Ѓорѓи Чековски потпишал за Работнички до крајот на сезоната.[71][72] ЈануариВо средината на јануари, крилниот центар Бојан Крстевски се здобил со скршеница на стапалото.[73] Во тринаесеттото коло Работнички загубил на гости од Куманово 2009 со 83:67. Најдобар бодтер бил Александар Стефановски со 24 бода, најмногу скокови имал Ѓорѓи Чековски - 12, додека Димитар Мираковски остварил пет асистенции.[74] Во четиринаесеттото коло Работнички бил поразен дома од страна на Карпош Соколи 2000 со 69:80. Најмногу бодови имал Димитар Мираковски - 27 како и шест асистенции, а Ѓорѓи Чековски имал 14 скокови.[75] Веднаш по натпреварот Диме Тасовски по четврти пат потпишал за Работнички, а претходно играл за КК Струмица.[76][77][78] На крајот на јануари 2016 година било најавено дека Тодор Гечевски повторно ќе се активира како кошаркар и да се врати во екипата на Работнички,[79][80][81] но тоа не се остварило. Во петнаесеттото коло Работнички загубил дома од Куманово 2009 со резултат од 76:87. Со најмногу бодови (27) завршил Диме Тасовски и истовремено се истакнал Ѓорѓи Чековски со девет скокови и седум асистенции.[82] ФевруариВо шестнаесетото коло Работнички победил на гости против Бест со 62:78. Најдобар бодтер бил Димитар Мираковски со 23 бода и со пет асистенции, а Ѓорѓи Чековски остварил десет скокови.[83] Во седумнаесеттото коло Работнички дома го поразил МЗТ Аеродром со 74:71. Најдобар стрелец бил Диме Тасовски со 19 бода, со осум скокови завршиле Ѓорѓи Чековски и Виктор Ефремовски, додека Димитар Мираковски и Петар Николиќ имале шест асистенции.[84] За време на Купот на Македонија 2016, Работнички загубил во четвртфиналето од Куманово 2009 со 85:79. Најдобар играч бил Ѓорѓи Чековски со 28 бода и 14 скокови, а најмногу асистенции остварил Димитар Мираковски - девет.[85] Во осумнаесеттото коло Работнички бил поразен од Фени Индустри на домашен терен со 66:75. Најдобар бодтер бил Ѓорѓи Чековски со 17 бода, додека Диме Тасовски имал осум скокови и четири асистенции.[86] МартВо деветнаесеттото коло Работнички на гости загубил против Карпош Соколи 2000 со 83:72. Најдобар играч бил Ѓорѓи Чековски со 29 бода и со 12 скокови, а Јован Марковски остварил пет асистенции.[87] Во дваесеттото коло Работнички ја поразил Струмица на домашен терен со 85:61. Најдобар бодтер бил Диме Тасовски со 27 бода и седум скокови, исто толку скокови како Петар Николиќ кој имал и шест асистенции.[88] Во дваесет и првото коло Работнички победил на гости против Кожув со 75:81. Ѓорѓи Чековски имал 30 бода и 14 скокови, додека Диме Тасовски и Петар Николиќ оствариле четири асистенции.[89] Во дваесет и второто коло Работнички на гости загубил против Куманово 2009 со 98:67. Најдобар играч бил Ѓорѓи Чековски со 18 бода и со 11 скокови, а Петар Николиќ остварил пет асистенции.[90] АприлВо дваесет и третото коло Работнички го победил Бест со 90:88. Најдобар играч бил Димитар Мираковски со 28 бода и седум асистенции, а Диме Тасовски остварил 15 скокови.[91] Во дваесет и четвртото коло Работнички бил поразен при гостувањето кај МЗТ Аеродром со 81:71. Димитар Мираковски постигнал 23 бода како и пет асистенции, додека Ѓорѓи Чековски завршил со седум скокови.[92] На почетокот на април, актуелниот тренер на Работнички, Марин Докузовски потпишал договор во кој во следната сезона да остане како тренер на Работнички.[93] Во дваесет и петтото коло Работнички загубил на гости против Фени Индустри со 108:93. Најдобар поединец бил Ѓорѓи Чековски со 23 бода, 14 скокови и десет асистенции.[94] Во дваесет и шестото коло Работнички бил поразен дома од страна на Карпош Соколи 2000 со 80:98. Најмногу бодови имал Ѓорѓи Чековски - 28 како и девет скокови, а Димитар Мираковски имал девет асистенции.[95] Во дваесет и седмото коло била поразена Струмица на гости со 63:83. Најдобар кошаркар во екипата бил Димитар Мираковски со 29 бода и десет скокови и четири асистенции.[96] Во дваесет и осмото коло Работнички загубил дома од Кожув со резултат 75:76. Најдобар поединец бил Горѓи Чековски со 21 бод и девет асистенции, додека Диме Тасовски остварил десет скокови.[97] Разигрувањето Работнички го започнал во четвртфиналето против Куманово 2009 со негатива во победи 0-1 поради лошиот меѓусебен двобој со противникот (0-4). Во првиот натпревар Работнички на гости го победил Куманово 2009 со 82:85 и со тоа израмнил на 1-1. Најдобар бодтер бил Горѓи Чековски со 21 бод, додека Димитар Мираковски завршил со осум скокови и четири асистенци, исто толку асистенции како и Јован Марковски.[98] Во вториот натпревар Работнички дома загубил против Куманово 2009 со 60:77. Јован Марковски имал 17 бода, Ѓорѓи Чековски завршил со девет скокови, а Димитар Мираковски остварил девет асистенции.[99] МајВо третиот натпревар Работнички загубил на гости од Куманово 2009 со 100:94 при што бил елиминиран во разигрувањата со 3-1 во победи. Најдобар играч во екипата бил Ѓорѓи Чековски со 29 бода, десет скокови и девет асистенции.[100] Состав и стручен штабИграчки состав
Извор: eurobasket.combasketball.org.mk Архивирано на 8 април 2016 г. Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната
Стручен штаб
Извор: basketball.org.mk Архивирано на 8 април 2016 г. Статистика
Легенда
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia