Медицинско училиште „Никола Штејн“ - Тетово
ОСМУ „Никола Штејн“ — средно училиште во Тетово, Општина Тетово[1]. Основање и развојУчилишниот медициннски центар „Никола Штејн“ - Тетово е формиран во 1961 година со решение бр. 05-5685 од страна на Собранието на општина Тетово под назив Средно медицинско училиште за медицински сестри и техничари. Седиштето на училишниот центар е во град Тетово на ул. „Ѓорче Петров“ бр. 23, сместен покрај Реката Пена. Во 1979 година со решение на Окружниот стопански суд во Скопје бр.1811/79 училиштето го доби називот Училиштен медицински центар „Никола Штејн“ како работна организација без основни организации на здружениот труд. Во 1961 година Средното медицинско училиште започнува да работи само со две паралелки на македонски наставен јазик, додека во учебната 1967/68 година се отворија паралелки на албански наставен јазик и првпат настава на турски наставен јазик во 1987/88 година. Училишната зграда, поточно објектот каде се изведува наставата во овој училиштен центар е изграден во 1906 година. Во училишниот центар се школуваа ученици со најголема процентуална замареност од Западниот дел на Македонија со што во поново време во училиштето се запишуваат и ученици од централна и источна Македонија. Учество на натпревариОсвоени наградиПознати личности кои учеле во ова училиштеПознати личности кои предавале во ова училиштеНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia