Миески нимфеј
Миески нимфеј (грчки: Το Νυμφαίο της Μίεζας) или Аристотелово училиште — храм на нимфите во древномакедонскиот град Миеза во Негушко, Егејска Македонија, денес во Грција.[1][2] Светилиштето е откриено во месноста Извори, 2 км источно од градот Негуш и западно од селото Копаново во областа Сланица.[1] Според Плутарх во Нимфејот кај Миеза било училиштето на Аристотел, во кое три години учел Александар Македонски: ![]()
Во светилиштето има три природни пештери и двокатен портик со јонски столбови во облик на буквата П. Во вертикалните карпи се забележуваат лежиштата на покривопотпорните греди, е заднината на стоата,[1] во која Аристотел држал предавања за „етичките и политичките учења“,[3] изградена околу 350 г. п.н.е.[1] Во 2012 г. нимфејот е прогласен за споменик на културата.[4] Денес крај остатоците од Нимфејот има културен центар со изложбена сала, просторија за состаноци и ресторан.[5] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia