Милион
![]() Еден милион (1.000.000), или илјада илјади, е природен број следбеник на 999.999 и претходник на 1.000.001. Бројот 1.000.000=106=103x103. Физичките величини исто така може да се изразат користејќи ја SI-претставката мега, кога се работи со единици од SI-системот. На пример, 1 мегават има 1.000.000 вати. Бројот милион е карактеристичен и за кратката и за долгата скала на бројни системи, за разлика од поголемите броеви, кои имаат различни имиња во двата системи. На пример бројот 109 во кратката скала се вика билион, а во долгата - милијарда, додека бројот 106 и во кратката и во долгата скала се вика милион. Билион во долгата скала го означува бројот 1012, а билијарда - бројот 1015. Овие броеви ги нарекуваме големи броеви. Зборот милион има италијанско потекло, од зборот milione, што значи „голема илјада“. Друга основа е латинскиот збор millio, што значи „илјада илјади“[1]. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia