Никол Кидман
Никол Мери Кидман (англиски: Nicole Mary Kidman; родена на 20 јуни 1967) — австралиска глумица, добитничка на бројни награди како Оскар, Награда Еми, Награда на БАФТА, Награда „Златен глобус“ и Награда „Сребрена мечка за најдобра глумица“. Никол Кидман е наградуван светски хуманитарец и е одбрана за Граѓанин на светот од страна на ООН и амбасадор на добра воља на УНИФЕМ и УНИЦЕФ. Во 2006 година била избрана за придружничка во поредокот на Австралија, најголемата државна чест во Австралија.[4] Истата година, таа исто така беше и најплатената глумица во филмската индустрија.[5] Никол во филмската индустрија се пробила во 1989 со трилерот Мртво смирен. Нејзините изведби во филмовите Денови на грмотевицата, To Die For (1995), Мулен Руж (2001) и Часови (2002) и донеле голема слава. Во 2003, Кидман се здобила со ѕвезда на Холивудската улица на славни во Холивуд, Калифорнија. Таа е добро позната и по контровезниот брак со познатиот глумец Том Круз и по сегашниот брак со музичарот Кит Урбен. Бидејќи е родена во Хонолулу, Хаваи, но од родители Австралијанци, Кидман има двојно државјанство и од Австралија и од САД.[6] Ран живот и семејствоКидман е родена во Хонолулу, Хаваи. Нејзиниот татко, д-р Ентони Дејвид Кидман бил биохемичар, психолог и автор.[7][8][9] Нејзината мајка, Џејнел Ен е инструкторка на медицински сестри, која исто така и ги уредува книгите на својот сопруг и била член на една австралиска група која се бори за правата на жената. Пред нејзиното раѓање, нејзиниот татко бил член - посетител на Националниот институт за Психијатрија во Вашингтон. Семејството на Кидман се вратило во Авcтралија кога таа имала четири години, и кога татко и преземал предавачко место на универзитетот за технологија во Сиднеј. Родителите на Кидман потоа се преселиле во Гринич, предградие на Северниот Брег на Сиднеј. Кидман има помлада сестра, Антонија Кидман, родена во 1970, која е новинарка и живее во близина на нејзините родители во Гринич. Никол Кидман започнала да зема часови по балет на четиригодишна возраст. Учела на Државното основно училиштето Лејн Коув во нејзините рани години, а подоцна завршила во Норт Сиднеј, средно училиште за девојки. Откако завршила средно се запишала на Викторискиот колеџ за уметности во Мелбурн заедно со нејзината пријателка Наоми Вотс. КариераРана кариера во Австралија (1983-1989)Прво филмско појавување на Кидман било во 1983, кога на петнаесетгодишна возраст се појавила во музичкиот спот на Пет Вилсон за песната „Bop Girl“. На крајот од годината таа обезбедила споредна улога во телевизиските серии "Потокот од пет милји" и пет филмски улоги, вклучувајќи ги "БМХ Разбојници" и "Божиќно Дрво" . За време на осумдесеттите, таа се појавила во неколку австралијански филмови и телевизиски серии, вклучувајќи ја и сапунската опера „Државна работа“ , мини сериите „Виетнам“ (1986) , „Градот Емералд“ (1988), и „Бангкок Хилтон“ (1989). Пробив (1989-1995)Во 1989 година Кидман глумела во филмот „Мртво смирен“ на режисерот Филип Нојс, во улогата на Рае Инграм. На почетокот на 1990 година, Кидман постигнала голем успех и станала популарна во Австралија. Важни успеси (1995-денес)Нејзиниот втор филм во 1995, „Да Се Умре За“ било сатирична комедија со што ја заработила нејзината издигнатост од страна на критичарите. Таа добила награда Златен Глобус, и пет други награди за најдобра глумица за нејзиното толкување на крвавата водителка Сузан Стоун Марето. Таа го сретнала Том Круз на Денови на грмотевицата во 1999 година каде Кидман и Круз учествувале како брачна двојка во филмот "Очи Широко Затворени" во последниот филм на Стенли Кубрик. Кидман станува голема ѕвезда како и нејзиниот сопруг. Таа има две посвоени деца со Круз, Изабела Џеин, 14, и Конор, 12. Во 2002 Кидман добила номинација на Оскарите за нејзината изведба во 2001 во музичкиот филм Мулен Руж, во кој таа ја глуми куртизаната Сатин наспроти Иван Мек Грегор. Според тоа Кидман ја добила нејзината втора награда Златен Глобус за најдобра глумица во "Мјузикал или Комедија". Истата година таа добила одлична улога во хорор филмот „Другите“. За време на снимањето на филмот "Мулен Руж" во Австралија, Кидман си го повредила коленото и како резултат на тоа Џоди Фостер морал да ја замени во филмот "Соба за Паника". Наредната година Кидман добила важно издигнување за нејзината интерпретација како Вирџинија во Часови, во која добила Оскар за Најдобра Глумица, заедно со Златен Глобус и BAFTA Награда. Кидман била првата австралиска глумица која добила Оскар. Во септември 2004 година во филмот Раѓање, 37 годишната глумица Кидман се вљубува во десет годишно момче (кој го глуми Камерон Брајт), кој настојув да ја убеди во повторното раѓање на нејзиниот сопруг. Спроти тоа, филмот бил номиниран за Златен Оскар на Венецијанскиот филмски фестивал. И покрај критиките за неа и нејзиниот вокал, дуетот со Мек Грегор и песната Come What May бил голем хит во нејзината родна Австралија и се пласирал на високите списоци сè до појавувањето на нејзиниот следен дует со поп ѕвездата Роби Вилијамс, вклучувајќи ја Somethin Stupid во нејзиниот албум Swing When You're Winning во 2001 година. Во 2015 година, Кидман била номинирана за британската награда „БАРФТА“, која се доделува за најлоши филмски и глумечки остварувања. Притоа, Кидман била номинирана за улогата на принцезата Грејс Кели.[10] ФилмографијаКино
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia