Првата фудбалска лига на Македонија 2019/2020 - 28. издание на Првата фудбалска лига на Македонија. Распоредот на натпреварите бил најавен на 26 јули 2019.[1][2] Сезоната започнала на 10 август 2019, а играчки завршила на 8 март 2020. Секоја екипа требала да игра против друга екипа четири пати на основа дома-гости со вкупно 36 натпревари.
Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 23 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Првата лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[3] На 22 мај, Федерацијата обзнала дека Првенството ќе продолжи на 14 јуни, но со променет распоред. Наместо со првичниот четирикружен систем од 36 кола, тој бил скратен до 27 кола (трокружен), а потоа првите шест екипи напредуваат во плејоф групата каде секоја ќе игра по пет натпревари од екипа. Последните четири екипи од регуларниот дел, заминуваат во плејаутот и одигруваат по три натпревари по екипа и ниедна екипа нема да отпадне од Првата лига.[4]
Но поради неколку заразувања на неколку фудбалери со вирусот, на 4 јуни за време на вонредна седница на Управниот одбор на ФФМ, било одлучено целосно да се прекине првенството без прогласување на првак.[5][6] На 26 јуни, Управниот одбор донел одлука Вардар да биде прогласен за првак,[7][8] а било изјавено кој ќе се натпреварува во европските натпревари.[9][10]
Updated to match(es) played on 8 март 2020. Source: Macedonianfootball.comSoccerway.com Rules for classification: 1) Бодови; 2) Гол разлика; 3) Постигнати голови; 4) Бодови од меѓусебните двобои; 5) Гол разлика од меѓусебните двобои; 6) Гол во гости од меѓусебните двобои (ако се две екипи); 7) Постигнати голови од меѓусебните двобои; 8) Нерешено; 9) Бараж. (Забелешка: Критериумот 2, 3 и 8 само се користи при одлучување на првакот, екипи за УЕФА натпреварувања и отпаѓање). (C) Champions Notes:
↑Вардар не добил УЕФА лиценца за престојната европска сезона од страна на ФФМ.[9][10]
↑Според првичниот план, последните две екипи требале директно да испаднат од лигата, а осмопласираната екипа требала да игра бараж за опстанок.
Местоположба според коло
Табелата ги покажува позициите на екипите по секое завршено коло.