Проста делба![]() Проста делба — поим вобиологијата кој означува делба на клетката (или телото, популацијата или видот) на две или повеќе делови и регенерацијата на тие делови во одделни клетки (тела, популации или видови).[1][2][3] Бинарната делба дава две одделни клетки, популации, видови итн., а повеќекратната (мултипна) делба дава повеќе од две клетки, популации, видови итн. Бинарна делба кај прокариотитеПрокариотската делба, која е од типот на бинарна делба, е форма на бесполовото размножување и клеточна делба која се среќава кај сите прокариоти (бактерии и археи), како и од некои органели од еукариотските организми. Овој процес резултира со појава на размножување на живата прокариотска клетка (или органела) на два дела од кои секој има потенцијал да израсне колку и првичната клетка (или органела). За ваквиот тип на делба не е потребно формирање на делбено вретено. Единечната ДНК молекула најпрво се реплицира, а потоа секоја добиена копија ја прикачува за различен дел од клеточната мембрана. Кога клетката започнува да се разделува, реплицираните и првичните хромозоми се одделуваат. Последицата од овој бесполов начин на размножување е дека сите клетки се генетски еднакви, односно имаат ист генетски материјал. Повеќекратна (мултипна) делба кај протиститеПовеќекратната (мултипна) делба на клеточно ниво се среќава кај многу протисти. Јадрото на родителската клетка се дели неколкупати со митоза, давајќи неколку јадра. Потоа цитоплазмата се разделува, создавајќи повеќе ќеркини клетки.[4][5][6] Кај апикомплексите, мултипната делба е позната како протозојска мерогонија (понекогаш се смета за синоним на шизогонијата). Со мерогонијата се добиваат мерозоити, кои се повеќе ќеркини клетки во иста клеточна мембрана.[7][8] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia