Протести против полициската бруталност 2011
Протестите против полициска бруталност во Република Македонија се јавија како резултат на убиството на Мартин Нешковски од страна на Игор Спасов, припадник на специјалната полициска единица Тигри, рано наутро на 6 јуни 2011 година, за време на прославата на победата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на одржаните предвремени парламентарни избори. Првичните официјални соопштенија на СВР Скопје утрото беа со информации дека минатата ноќ било најдено мртво момче на плоштадот Македонија на кое му се слошило и на кое нема знаци на насилство.[1] Истовремено дневниот полициски билтен [2] од 6 јуни 2011 година не е забележан случај на убиство на плоштадот на тој датум. Од друга страна, во попладневните часови на 6 јуни, на социјалната мрежа Twitter се појавија информации[3] дека минатата ноќ младо момче било претепано до смрт во центарот на градот. Како резултат на овие информации корисниците на социјалната мрежа Twitter спонтано се собраа на кај фонтана во градскиот парк. Од тој ден младите секојдневно во 18.00 започнуваа протест пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје барајќи објаснување од надлежните институции зошто 2 дена додека Игор Спасов своеволно самиот не се пријави кај својот старешина случајот не беше изнесен случајот во јавност и истовремено политичка и морална одговорност од страна на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Иво Котески. Повод за протеститеВечерта на 5 јуни 2011, тогашната владеачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, славеше победа на вонредните парламентарни избори одржани на тој ден. Мартин Нешкоски, според изјави на неговиот брат, таа вечер бил поднапиен и се обидел да се качи на бината лично да му ја честита победата на премиерот Никола Груевски. Полицаецот Игор Спасов, којшто имал усна наредба да го обезбедува настанот таа вечер до 24.00 часот [4] и е виден во непосредна близина на премиерот во 10 минути после полноќ [5] таа вечер, го спречил Мартин во неговата намера во 00:40 часот. Мартин почнал да бега и кога се сопнал од некои кабли, Спасов го стигнал и му нанел 2-3 удари во главата и телото коишто биле смртоносни. Откако биле повикани двајца колеги да му помогнат да го преместат телото, била повикана Брза Помош, а Спасов заминал од местото. Хронологија на настанитеДоцна вечерта полицискиот центар 192 го известил дежурниот истражен судија за инцидентот. Кратко потоа Истражниот судија добил уште еден повик од истиот број во којшто бил известен дека има починато момче чиешто тело е преместено.[6] Телото на Мартин Нешковски било предадено на обдукција на судска медицина, која што завршила во 12.30 часот и на која што присуствувале претставници на полицијата. 3 саати после тоа портпаролот на македонското МВР држи конференција во која што изјавува “Таков настан воошто не е пријавен во МВР и доколку имате какви било сознанија и информации ви стоиме на распалогање за да го пријавите настанот.” Новинарската агенција Макфакс набргу после оваа прес конференција објавува соопштение од СВР Скопје во кое што е соопштено следново:
Речиси во исто време на социјалната мрежа Твитер се шири многу брзо веста дека минатата ноќ припадник на специјалните полициски сили Алфи претепале младо дете на скопскиот плоштад. Независната новинска агенција Нет Прес прва соопштува официјално дека изминатата ноќ момче било претепано од полицаец.[7] Додека на фонтаната во градскиот парк се собирале очевидци да дадат изјави за медиуми, Твитер корисникот Тамара Атанасоска мислејќи дека тие луѓе се собрани заради протест, на Твитер ја споделува оваа информација, и за кратко време се формира спонтан протест, и покрај тоа што за време на одржувањето на протестот, убиството од страна на државните институции е сè уште непотврдено.[8] Утредента на 7 јуни 2011 година портпаролот Иво Котески соопштува дека минатата ноќ е починато момче на плоштадот Македонија во Скопје, при што станува збор за насилна смрт, за што следи соодветна истрага. Фамилијата на починатото момче, Мартин Нешкоски, дознава за неговата смрт од медиумите. Вечерта А1 телевизија се вклучи во вестите во живо од пред куќата на Мартин Нешковски, при што во потресена состојба, мајката на Мартин го изјавува следново:
На 8 јуни министерката за бнатрешни работи Гордана Јанкулоска држи прес конференција за случајот Мартин Нешкоски, во која што меѓу другите информации, соопштува дека лицето имало усна наредба да биде на должност до 24.00 часот, за што е направена и службена белешка. Барања на демонстрантитеПоради спонтаноста на собирање, немањето водач на протестите и различноста на профили кај демонстрантите, поединечните барања по повод случајот беа различни. Низ дебати и разговори меѓу учесниците, коишто се оджуваа секој ден во 18.00 часот зад споменикот на Мајка Тереза во Скопје, беше оформена официјална список на барања од страна на демонстрантите, што беше испратена до релевантните институции. Барањата вклучуваа:
Одговор на барањата од страна на МВРМВР достави одговор на доставените барања наредното утро. Во одговорот беше образложено дека убицеот е во притвор во полиција и дека случајот ќе се реши согласно законите на РМ. Исто така, наведено е дека утврдување на каква било друга одговорност кај други вмешани лица ќе биде утврдена и решена од страна на судот. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia