Рудолф II (војвода на Саксонија-Витенберг)
Рудолф II (германски: Rudolf II, роден во 1307 - починал на 6 декември 1370 во Витенберг) — владетел од династијата Аскани како војвода од Саксонија и изборен кнез од Саксонија во периодот од 1356 до 1370 година. Рани годиниРудолф бил син и наследник на војводата Рудолф I (починал во 1356) и на неговата прва сопруга Јута (Бригита) од Бранденбург, ќерка на маркгроф Отон V од Бранденбург. Рудолф од својот татко многу рано добил дипломатски задачи. На 25 август 1346 година Рудолф учествувал во Битката кај Креси на страна на францускиот крал Филип VI Валоа и по смртта на бохемскиот крал Јан Луксембуршки (26 август 1346 година), ја презел командата на германските сили. Францускиот крал му подарил еден трн со крв од круната на Исус Христос. Оваа вредна реликва била ставена во изградената од татко му базилика во палатата Витенберг. УправувањеЗа првпат Рудолл како изборен кнез на Саксонија се среќава во 1370 година, иако оваа право го имал уште од 1356 година. Непосредно пред неговата смрт тој ослепил речиси целосно и затоа е познат уште како „Рудолф Слепиот“. По неговата смрт Рудолф II бидејќи немал деца, бил наследен од неговиот помал брат Венцел I. Во февруари 2009 година бил откриен неговиот гроб при ископувањето на поранешниот францискански манастир во Витенберг. Рудолф бил погребан со оловниот свој меч во дрвен сандак до втората сопруга и неговата ќерка.[1]. СемејствоРудолф II се ожени во 1336 година за Елизабета († 1354), ќерка на Отон I Хесенски, и по вторпат за Елизабета († 15 ноември 1373), ќерка на грофот Улрих II Линдов-Рупин. Од првиот брак тој имал две деца:
Од вториот брак имал едно дете:
Литература
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia