Секемиб-Перенмаат
Секемиб-Перенмаат (или едноставно Секемиб), е Хорово имет на раноегипетски крал кој владеел за време на Втората династија. Слично на неговиот претходник, наследник или ко-владетел Сет-Перибсен, Секемиб е добро потврден во археолошките записи од негово време, но тој не се појавува во ниту еден посмртен документ. Точната должина на неговото владеење е непозната и неговата локација за погреб допрва треба да се најде.[1] Извори на иметоИмето Секемиб е познато од отпечатоци од печати и од натписи на садови направени од алабастер и бреча. Тие биле пронајдени на влезот од гробот на Перибсен во Абидос, во подземните галерии под Скалестата пирамида на (3-та династија) крал Џосер во Сакара и на едно ископано место во Елефтин.[1][2][3][4] Серех со името Секемиб е необично, бидејќи тоа е прв случај во египетската историја каде името е проширено со епитет. Покрај првото име, Секем-иб, неколку отпечатоци од печат и натписи од камени садови го покажуваат епитетот Перенма'ат во внатрешноста на серехот. Секемиб ги користел двете форми на името, хорусовото име и двојното име, во исто време. Египтолозите како Херман те Велде и Волфганг Хелк мислат дека двојното име на Секемиб се користело кога египетската држава била поделена на две независни кралства. Се чини дека Секемиб се обидел да ја нагласи мирната политичка ситуација што во тоа време владеела во Египет. Идентитет![]() Историската фигура на Секемиб е предмет на истрага и дискусии од египтолозите и историчарите до денес. Контрадикторните наоди овозможуваат простор за многу интерпретации и теории. Египтолозите како Валтер Брајан Емери, Кетрин А. Бард и Флиндерс Петри веруваат дека Секемиб бил иста личност со крал Перибсен, владетелот кој го поврзал неговото име со богот Сет и кој веројатно владеел само со Горниот Египет. Емери, Бард и Петри укажуваат на неколку глинени печати кои биле пронајдени во гробот на влезот на некрополата на Перибсен. Гробницата на Секемиб сè уште не е пронајдена.[2][5][6][7] Спротивно на тоа, египтолозите, како што се Херман Александар Шлегл, Волфганг Хелк, Питер Каплони и Јохем Кал веруваат дека Секемиб бил друг човек, и не бил Перибсен. Тие истакнуваат дека глинените печати биле пронајдени само кај влезот на гробот на Перибсен и дека ниту еден од нив никогаш не ги прикажува имињата Перибсен и Секемиб во еден натпис. Тие ги споредуваат наодите со таблетите од слонова коска на кралот Хотепсекхеми, откриени на влезот од гробот на кралот Ка'а. Затоа, Шлегл, Хелк, Каплони и Кал се убедени дека печатите на Секемиб се само доказ дека Секемиб го погребал Перибсен.[8][9] Египтолозите како Тоби Вилкинсон и Хелк веруваат дека Секемиб и Перибсен можеле да бидат поврзани. Нивната теорија е заснована вр натписи на камени садови и отпечатоци од печат кои покажуваат сличности во нивните типографски и граматички стилови на пишување. На садовите на Перибсен, на пример, се прикажува ознаката "ini-setjet" („данок на народот на Сетре“), додека натписите на Секемиб го означуваат "ini-chasut" („данок на пустинските номади"). Уште една индикација за односот помеѓу Перибсен и Секемиб се нивните имиња на серехот, бидејќи и двајцата ги користат слоговите „пер" и „иб“ во нивните имиња.[10][11] Египтолозите како Хелк ги идентификуваат Секемиб со името од картуш „Ваџенес“ и го изедначуваат Перибсен со кралот по име Сенед. Египтологот Дитрих Вилдунг мисли слично и го идентификува Секемиб со името на Венег-Небти и Перибсен со Сенед.[8][12] Владеење![]() Се чини дека постојат археолошки докази дека Секемиб владеел само во Горниот Египет. Неговото кралство се проширило од Омбос до островот Елефантин, каде што бил основан новиот административен центар наречен „Белата куќа на ризницата“ за време на владеењето на Перибсен.[13] Но, ова останува предмет на дискусија од страна на египтолозите и историчарите за тоа дали, зошто и кога било одлучено да се подели државата. ![]() Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia