Дебито на ликот Џокер во стрип од 1940 и серијалот стрипови од 1996, Долгата Ноќ на вештерките кој раскажува за потеклото на Две-Лица послужиле како инспирација на Нолан. Темниот витез првично бил сниман во Чикаго, како и во неколку други локации во САД, Обединетото Кралство и Хонгконг. Нолан користел IMAX камера за снимање некои секвенци, вклучувајќи го и првото појавување на Џокер во филмот. На 22 јануари 2008, по завршување на снимањето на Темниот витез, Хит Леџер умира од комбинација на токсини од препишани лекови што доведе до напнато внимание од страна на печатот и објавување на филмот во јавноста. Warner Bros. отпрвин создале вирална рекламна кампања за Темниот Витез развивајќи промотивни мрежни места и трејлери кои се сосредоточуваат токму на сцени со Леџер како Џокер, но по смртта на Леџер, студиото решава да ја рефокусира својата промотивна кампања.[2][3]
Филмот бил објавен на 16 јули 2008 во Австралија, на 18 јули 2008 во Северна Америка, а на 24 јули 2008 во Обединетото Кралство. Пред дебито на амерканските кино благајни, рекорден број на билети однапред биле купени за премиерата на Темниот витез. Бил примен со позитивни критики веднаш по прикажувањето и станал вториот филм што воопшто има заработено над 500 милиони долари во кино благајните на Северна Америка, во меѓувреме поставувајќи уште неколку други рекорди. Филмот исто така е и шестиот филм со најголема заработувачка низ целиот свет, а четврт од петте филмови кои имаат освоено повеќе од една милијарда долари низ целиот свет.[4] Филмот се здобива со неколку номинации, од кои две за Оскар,[5] за најдобра звучна монтажа и најдобар глумец во споредна улога за изведбата на Леџер.
Содржина
Кога заканата позната како Џокерот предизвикува неред и рушење кај луѓето од Готам, Бетмен, Џејмс Гордон и Харви Дент мораат да работат заедно за да стават крај на лудоста.
Кристијан Бејл како Брус Вејн / Бетмен, милијардер посветен да го штити Готам Сити од криминалното подземје преку ноќ. Бејл вели дека бил сигурен во својот избор да ја репризира улогата поради позитивниот одѕив на неговата изведба во Бетмен почнува.[6] Тој продолжил со тренирање на т.н. боречки метод Кејси (англиски: Keysi Fighting Method) и сам извел неколку каскадерски сцени,[6][7] но не се здобил со голема мускулна маса како во претходниот филм, бидејќи новиот костим му овозможил да се движи со поголема агилност.[8] Бејл ја опишува дилемата на Бетмен како „[неговата крстоносна војна е] нешто што има крај. Дали може да се откаже и да води обичен живот? Тој вид на манијачка јачина, која човек мора да ја има да ја одржи страста и лутината која ја почувствувал како дете, бара напор за да опстане. Во некој дел од животот, морате да ги истиснете демоните.“[9] Тој додава, „Сега немате само повреден младич кој се обидува да најде некаков одговор, имате некој кој всушност има моќ, кој е ограничен од таа моќ и мора да ја препознае разликата помеѓу опстојувањето на таа моќ и воздржувањето на користење на истата.“[1] Бејл чувствува дека карактерот на Бетмен веќе е цврсто етаблиран уште во првиот филм, поради што е несвојствено да биде обземен од негативците, изјавувајќи: „Немам никаков проблем да се натпреварувам со некого. Тоа всушност го прави филмот подобар.“[10]
За да се подготви за улогата, цел месец Леџер живеел сам во хотелска соба, формулирајќи го држењето, гласот и карактерот на ликот и водејќи дневник, во кој ги запишувал мислите и чувстватa на Џокерот.[10][19] Иако отпрвин тешко, Леџер некако успеал да изнајде глас различен од оној на Џек Николсон во филмот Бетмен од 1989 на Тим Бартон.[18][19] Му биле дадени и Batman: The Killing Joke и Arkham Asylum: A Serious House on Serious Earth, кои „навистина се обидов да ги прочитам и да ги оставам.“[17] Леџер ги цитираше Пеколен часовник и Сид Вишос како „рана појдовна точка за Кристијан [Бејл] и мене. Но многу брзо одлетавме од таа точка во сосем друг свет.“[20][21] „Има од сè по малку во него. Но, ништо толку доследно,“ изјавува Леџер и надополнува, „Сè уште има неколку изненадувања за него.“[20] На Леџер му било дозволено да ги снима и воопшто режира видеата кои Џокер ги праќа како предупредувања. Секое снимање кое го направил се разликувало од претходното. Нолан бил доволно воодушевен од првото видео, поради што одлучил да не присуствува кога Леџер го снимал видеото со киднапираниот новинар (Ентони Мајкл Хол).[22]
На 22 јануари 2008, откако завршил со снимањето на Темниот витез, Леџер умира од предозирање од препишани лекови, доведувајќи до напнато внимание од страна на печатот и признанија во спомен на Леџер. „Беше премногу емотивно, откако почина, што морав да се враќам и да го гледам секој ден [за време на монтажата],“ се сеќава Нолан. „Но во суштина, се чувствувам многу среќно што имам нешто волку продуктивно за работа, што имам изведба со која тој толку многу се гордееше и што ми веруваше да завршам.“[21] Сите сцени со Леџер се прикажани какви што ги завршил за време на снимањето; за време на монтажата, Нолан не додал никакви „дигитални ефекти“ за да на кој било начин ја промени изведбата на Леџер.[23] Нолан го посветува филмот во спомен на Леџер.[24][25]
Гери Олдмен како Џејмс Гордон, поручник во полицискиот оддел на Готам Сити и еден од малкуте полициски офицери кои не се корумпирани. Тој формира незначаен, неофицијален сојуз со Бетмен и Дент. Кога Џокер го убива полицискиот комесар Лоуб, градоначалникот Гарсија му ја дава својата позиција на Гордон. Олдмен го опишува својот лик како „некорумпирачки, чесен, силен, херојски, но дискретен.“[26] Нолан објаснува дека Долгата Ноќ на вештерките има одлична, триаголна врска помеѓу Харви Дент, Гордон и Бетмен, а токму од таму црпевме многу.“[27] Олдмен додава дека „Гордон има голем восхит кон него на самиот крај, но [Бетмен] е повеќе од кога било темниот витез, аутсајдерот. Ме интересира да видам: Ако има трет дел, што тој ќе прави?“[27] За можноста на друго продолжение, тој вели дека „враќањето [на улогата] не зависи од тоа дали улогата ќе биде поголема од претходната.“[28]
Арон Екхарт како Харви Дент / Две-Лица, јавниот правобранител кој е наречен „Белиот витез“ на Готам. Борбата помеѓу Дент и Џокер го трансформира Дент во убиствен, нагрден вигилант наречен „Две-Лица“.[29][30] Вејн го смета Дент за негов наследник, сфаќајќи дека Бетмен ќе биде животнодолга мисија и возвишувајќи го падот на Дент.[25] Нолан и Дејвид С. Гојер размислувале да го вметнат Дент во Бетмен почнува, но го заменуваат со новиот лик Рејчел Дос кога сфаќаат дека тој „не може да врши правда“.[31] Пред да биде одбран Екхарт во февруари 2007, Лиев Шрајбер,[32]Џош Лукас[33] и Рајан Филипи[34] имаат објавено интерес за улогата,[35] додека Марк Рафало отишол на аудиција.[36]Хју Џекмен исто така бил земен предвид за улогата. Нолан го одбрал Екхарт, кој го имал на ум за главната улога во Мементо, истакнувајќи ја неговата „необична“ способност како глумец, неговото овоплотување на „квалитетот на еден американски херој“ проектиран од Роберт Редфорд, и неговата поттекстна „острица“.
Екхарт бил „заинтересиран во преобразбата на добар лик во лош“ и имал играно корумпирани ликови во Црната Далија, Благодариме за пушењето и Во друштво на луѓе. Иако Две-Лица е злобен негативец во стриповите, Нолан се одлучил да го прикаже како растроен вигилант, со цел да ја нагласи неговата улога како соперник на Бетмен. Екхарт објаснува, „[Тој] е сè уште искрен кон себе. Тој е борец против криминалот, тој не убива добри луѓе. Не е лош тип, барем не целосно.“[29][30] За Дент, Екахрт постојано мислел на семејството Кенеди, особено Роберт Ф. Кенеди, кој беше бил „идеалистичен, полн со завист и се придружи на мафијата“. Неговата коса била направена постилски и посветла за да изгледа по допадливо и енергично. Нолан му нагласил на Екхарт да не го прикаже Две-Лица како „шегобиец со откачени звуци или трикови.“[37]
Меги Џиленхол како Рејчел Дос, помошник јавен обвинител на Готам Сити и пријателка од детството на Вејн. Пред настаните од филмот, таа му кажува на Вејн дека ако некогаш реши да не биде Бетмен, ќе бидат заедно. Таа е една од неколкуте кои го знаат вистинскиот идентитет на Бетмен. Џиленхол ја презема улогата од Кејти Холмс, која ја играше во Бетмен почнува. Во август 2005, Холмс јавно изјави дека планира да ја репризира улогата,[38] но на крајот ја одбива за да работи на Луди пари со Дајана Китон и Квин Латифа.[39] До март 2007, Џиленхол беше во „завршни преговори“ за улогата.[40] Џиленхол однапред знаела дека нејзиниот лик е дама во опасност, но вели дека Нолан изнајдол начин да го засили нејзиниот лик, затоа „Рејчел е повеќе од јасна околу тоа што и е важно и не дозволува да ги компромитира своите морали, што е добра промена“ од многуте конфликитни ликови кој претходно ги има толкувано.[41]
Мајкл Кејн како Алфред Пениворт, лојалниот батлер и советник на Вејн. Неговата „залиха“ корисни совети за Вејн и неговото влијание како негова таткова фигура во животот на доведува да бие наречен „Бетменот на бетмен“.[42][43]
↑McClintock, Pamela (8 март 2007). „Gyllenhaal Joining Batman Sequel“. Reed Business Information. Посетено на 8 март 2007. Наводот journal бара |journal= (help)