Терористички напади во Норвешка (2011)
Норвешките напади од 2011 година претставуваат терористички напади[3] кои биле насочени кон владата на земјата, политичкиот летен камп и цивилното население во Норвешка. Нападот бил извршен на 22 јули 2011 година и се состоел од две фази. Во првиот напад, експлозија од бомба одекнала во на владината населба во Осло, во 15:26 часот, односно пред канцеларијата на премиерот Јенс Столтенберг[4]. Пред владиниот комплекс згради, загинале најмалку седум лица, а над 15 лица биле повредени. Вториот напад се случил два часа подоцна на младинскиот камп кој бил организиран од страна на Лабуристичката партија на Норвешка на островот Утоја, во близина на Осло. Според податоците, најмалку еден вооружен напаѓач кој бил преправен како полицаец, отворил оган и досега има загинато најмалку 85 луѓе[5][6][7]. Полицијата го уапсил Андерс Беринг Брејвик, 32-годишен Норвежанец, за пукањето во Утоја[8], а потоа го обвинил и за нападот пред владата[9]. Според некои медиуми, осомничениот 32-годишен маж пред неколку месеци купил 6 тони вештачко ѓубриво, од кое наводно го направил експлозивот[10]. Европската унија, НАТО и неколку земји од целиот свет ја изразиле својата поддршка за Норвешка и ги осудиле нападите. Ова е најкрвавиот терористички напад во Западна Европа, по оној во Мадрид од 2004 година, кога загинале 191 луѓе. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia