Тркало![]() Тркало или коло — тркалезен предмет, односно предмет во облик на диск, кој е најважниот дел од повеќето средства за лесен пренос и превоз, поради малото триење при движењето. Постар збор што се користел е коло, па оттаму потекнува зборот кола, како транспортно средство. Механика![]() Тркалото е споено со осовина на еден од двата начини: или осовината е неподвижна, а тркалото се врти или и осовината и тркалото се цврсто споени и заедно се вртат, а неподвижен е делот на возилото. Како и да е, постои место каде што се спојуваат делот што се врти со неподвижниот дел. Тој дел се вика лежиште. Во тој дел се случува триењето и се создава силата на отпорот. Историја на тркалотоПронаоѓањето на тркалото се смета за едно од најважните достигнувања во развојот на човековата цивилизација. Многу истражувачи тврдат дека се појавило во 5. милениум п.н.е. и дека е поврзан со откривањето на грнчарското тркало, односно грнчарското колце. Тркалото како тема во уметноста и во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia