Тумбенска гробница I
Тумбенска гробница I (грчки: Μακεδονικός Τάφος στη Τούμπα) — древномакедонска гробница од IV век п.н.е. сместена кај селото Тумба, Гуменџиско, Егејска Македонија.[1][2] Гробницата заедно со соседната Тумбенска гробница II се наоѓа североисточно од селото Тумба, на патот кој ја поврзува нераспознаената античка населба кај Тумба со древниот град Европ. Откриена е од археолозите откако веќе била ограбена. Претставува македонска гробница од IV век п.н.е., веројатно на член на хетајрите („Кралски другари“) — благородничката коњица која го придружувала кралот. Гробницата е изѕидана од варовник и украсена со гипс. Има една одаја со патека и двор, како и убава фасада со впечатлива двојна врата, коај е реставрирана. Над надвратникот има корниз, а рамката ѝ е извајана, но недовршена. Однадвор вратата била заглавена со големи камења, од кои некои сè уште се на нивното првобитно место. Во гробишната одаја има клине – погребно легло, изработен исто така од варовник, кој бил украсен со гипс. Во 1986 г. гробницата е прогласена за заштитен споменик.[2][1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia