Црн говор
Црн говор (англиски: Black Speech) е измислен јазик создаден од англискиот писател Џ. Р. Р. Толкин. Јазикот е измислен поради стилските и книжевните потреби за неговите три дела од сериојалот „Господарот на прстените“. Овој е еден од неколкуте јазици кои ги создал во своите дела. Јазикот се „зборува“ во Мордор. Толкин пишува дека јазикот бил создаден од Саурон како еден универзален јазик за сите слуги во Мордор, а со тоа да се заменат оркискиот јазик, Заедничкиот говор и друте јазици на Средната Земја. Според Толкин, јазикот имал две форми, едната е старата чиста форма користена од Саурон, Назгул и Олог-хаи, и „снижената“ форма користена од војниците на Барад-дур. Јазикот го користел во книгите, но не пишувал поеми на истиот, за разлика од другите негови создадени јазици. Натпис на ПрстенотЕдинствен пример на „чист“ Црн говор е натписот на „Прстенот“:
Следниве зборови се извадени од натписот и образложени од самиот Толкин.[1]
Други примериНеколку зборови на Црниот говор се познати, опишани од Толкин во Додатокот Ф на книгата „Враќањето на кралот“. Овие се: Lugbúrz ("„темна Кула“ (Барад-дур), snaga („роб“) и ghâsh („оган“). Името „Назгул“ (Nazgûl) е комбинација од зборовите nazg што значи „прстен“ и gûl што значи „дух“ или „привидение“.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia