Ѓорче Бешироски

Ѓорче Перев Бешироски ( 1921 во Дабница12 септември 1942 во Мукос) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Партизани од НОПО “Димитар Влахов”, заробени по битката на Мукос, ликвидирани од Бугарските фашисти и изложени на прилепските улици, меѓу кои ѝ Ѓорче Бешироски.

Животопис

Масакрот во Дабница, 1942 извршен од страна на бугарските фашисти каде се убиени уште двајца членови на фамилијата Бешироски.

Ѓорче Перев Бешироски е роден во 1921 година во селото Дабница. По занимање бил земјоделец. Веднаш по окупацијата тој се приклучил кон напредната револуционерна младинска група во селото. Како таков во мај 1942 доброволно се приклучил во партизанските одреди на Југославија. Бил борец во составот на прилепскиот партизански одред. Учествувал во сите акции што ги изведувал одредот. Загинал во борбата на Мукос на 12 септември 1942 година.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Константинов и Тодорка Спанкова, Милош (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya