За селото Дабница во Пиринска Македонија, видете овде
Дабница — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп. Сместено е на падините на планината Бабуна, во северниот дел на регионот Пелагонија.
Географија и местоположба
Дабница се наоѓа на падините на планината Бабуна, северно од градот Прилеп.
Историја
Масовно стрелани Македонци од село Дабница, Прилепско. Во масакрот настрадале 18 лица. (19 септември 1942)
Дабница е старо село населено уште од антиката, за што сведочат бројните археолошки наоѓалишта. Во 1337 година, половина од Дабница кралот Стефан Душан ја приложил на манастирот Трескавец.[2] За време на турското ропство, селото било раселено, а потоа повторно е обновено. Селото било обновено од Македонци кои се доселиле од други населби кон крајот на XVIII век.[2] За време на турското ропство цела земја на селото припаѓала на манастирот Трескавец (во 1912 година манастирот во ова село имал околу 700 овци и кози).[2]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Д-б-н-ч-а имало 13 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[3]
Кон крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Во 1942 г. се случил Масакрот кај Дабница извршен од бугарските окупаторски сили.
Население
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дабница се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[4]
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
223
—
1953
189
−15.2%
1961
117
−38.1%
1971
41
−65.0%
1981
17
−58.5%
Година
Нас.
±%
1991
13
−23.5%
1994
13
+0.0%
2002
66
+407.7%
2021
2
−97.0%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Дабница е македонско православно село, иако во него има и Роми, доселени од поново време. Родовите македонски во селото се сите доселенички.
Според истражувањата од 1954 година, родови во Дабница се:
Доселеници:Анѓеловци (2 куќи) најстар род во селото, доселени се однекаде; Секуловци (7 куќи) потекнуваат од предокот Секула кој се доселил околу 1804 година од селото Крушеани; Коруновци (5 куќи) доселени се кога и Секуловци од Дебарско; Бешировци (3 куќи) доселени се однекаде, имаат роднини во Прилеп (Големџиковци); Наневци (2 куќи) и Кремчевци (2 куќи) и они се доселени однекаде; Трајковци (4 куќи) дошол Трајко од Крушеани; Рапешовци (3 куќи) доселени се од село Рапеш во Мариово.[2]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1441 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[10]
Гумење — некропола од хеленистичко и римско време, кај Трескавец
Златоврв — населба и базилика од хеленистичко, доцноантичко и старохристијанско време
Манастирски Дол — населба од хеленистичко, римско и доцноантичко време
Црква Св. Богородица — осамени наоди, населба и црква од раноантичко, римско и старохристијанско време и средниот век, околу манастирската црква на Трескавец