Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски (р. Прилеп, 18 февруари 1952) - македонски стопанственик, политичар и сопственик на ТВ Сонце и Македонско сонце, кој живее во Флорида, САД.[1] КариераЃорѓија Атанасоски ја напушта Југославија во 1970 година, кога заминува во Њујорк, САД.[2] Атанасоски ја започна својата кариера како Инженер работејќи на Универзитетот во Њујорк. По пет години престој во САД, Атанасоски во 1975 година ја основа "Мајкрофлекс"[3] со својот брат Јосиф Атанасоски[4], муѓународна корпорација за производство на флексибилни метални производи со седиште во Ормонд Бич, Флорида и снабдување со широк спектар на индустрии, со клиенти вклучувајќи ја и Наса. Во 1994 година во Македонија го основа првото македонско списание кое излегува еднаш неделно, весник наречен "Македонско сонце". Во 2008 година ја основа и "Телевизија Сонце" со седиште во Скопје, Македонија.[5] Тој е претседател на политичката партија "Македонска алијанса". Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia