Скопје — главен и најголем град во Македонија, кој воедно претставува административен, политички, стопански, културен, образовен и научен центар. Се наоѓа во северниот дел на државата, а во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар. Камен мост се наоѓа крај реката Вардар. Македонски народен театар се наоѓа на булевар Св. Климент Охридски. Сули ан е тој сарај, кој се наоѓа во Старата чаршија во Скопје. МРТВ е приватна телевизиска станица во Македонија, а потоа Порта „Македонија“, Воин на коњ и Скопско кале се наоѓаат. Подоцна во 84 или 85 година царот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп. Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација. Скопје е прв по големина град во Македонија според бројот на жители (2015 г.). На 6 август 2016 година Скопскиот Регион го зафати големо невреме, што резултира со силен ветар и полави. Во невремето животот го загубија 22 лица.
Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латински: Scupi).[3]
Во византиските документи градот е забележан како Скопија, а Словените го означувале и како Скопiе, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото Царство. Во подоцнежниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).
Историја
Праисторија и антички период
Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4000 г.п.н.е.[4] Скопје за првпат во документи се споменува од Клавдиј Птоломеј под древното име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за првпат се јавува кај пајонското племе Агријани (Граи), кои живееле на овие простори.
Според историските податоци, во времето на царот Октавијан Август, од 13 до 11 година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете македонски легии - 5-та македонска и 4-та скитска легија прераснал во град.
Подоцна во 84 или 85 година царот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.
За првпат градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април518 година. По земјотресот Скупи веќе не се споменува, а скопската котлина добива нов град со името „Јустинијана Прима“.
На 16 април 1346 година во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј и во него го донел познатиот Душанов законик.
Османлиски период
Градот потпаѓа под османлиска власт во 1392 година и набргу Скопје добива турско ориентално обележје. Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набрзо е обновен и станува турско воено упориште. Стопански брзо се развива особено во XVI и XVII век кога после Цариград станал еден од
најразвиените и најголеми градови во европскиот дел на Отоманското Царство, како и значаен занаетчиски и трговски центар. За сместување на трговците и нивната стока биле подигнати повеќе карвансараи и анови како Куршумли-ан, Сули-ан, Капан-ан и др. Патописецот Евлија Челебија ја споредил скопската чаршија со таа во Цариград. Според него во 1660-61 Скопје имало 12.000 куќи со околу 60.000 жители, потоа 2.150 дуќани, еден безистен, 70 јавни амами (бањи), 120 џамии, повеќе беговски конаци и сараи. Трговските карвани редовно одржувале врски со Солун, Белград и Дубровник.[5]
„Таа [чаршијата] брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Халеп.“
Голем дел од населението го напуштило градот, при што едни, главно Турци се населиле дури во Цариград каде го основале
Ускуб Маалото, а други најголем дел Македонци се придружиле на миграцискиот бран на Арсение Црноевиќ и се отселиле далеку на север во Панонската Низина.
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, градот Скопје го сочинувале 46 маала. Пет маала биле целосно христијански: Суќутли, Кади Чаирли, Булбул Заим, Јени Маало и Топхане. 19 маала биле мешани со христијанско и муслиманско население: Џами Атик, Ине Бег, Ибни Омер, Хаџи Балабан, Егит Паша, Џедид Иса-Бег со шеик Рамазан, Хаџи Јонус, Капуџи Хамза, Искендер Гази, Ибни Коџаџик, Кебир Мехмед Челеби, Ибни Мухтесеб, Ибни Пајко, Хаџи Лала, Дубаг Шахин, Ќатиб Шахин, Дервишан, Гази Ментеш и Хараџи Салахедин. Додека пак останатите 22 маала биле чисто муслимански: Кале, Хоџа Шемс, Мурадије, Ибни Чини, Худаверди, Ибни Меџри, Хатунџиклер, Исакие, Хаџи Гази, Хаџи Таџедин, Кара Капуџу, Хаџи Мудидин, Касим Гази, Исмаил Војвода, Емир Хоџа, Хазнедар Исмаил, Ибни Шахин, Хаџи Касим, Уруч Паша, Пазар Баши, Мухидин Челеби и Хаџи Хајредин. Во овој период во градот Скопје биле забележани 1.230 муслимански домаќинства и 578 христијански домаќинства. Во 1832/33 година биле родени 556 новороденчиња во градот, а вкупното население достигнувало и до 10.262 жители.[7][8]
Пазарен ден во Скопје во почетокот на XX век
Во XIX век Скопје станало важен сообраќаен центар каде што почнува да цвета занаетчиството. Првата електрична светилка во Скопје засветила во 1909 година, со помош на мала дизел електрична централа, која служела за напојување на пумпната станица за потребите на градскиот водовод.[9]
На 25 октомври1912 година, по 520-годишно владеење, Османлиите го напуштиле Скопје, а веќе наредниот ден во градот влегла Моравската дивизија на српската војска, со што градот потпаднал под српска власт.
Набрзо, Скопје било седиште на истоимената општина, посебната единица Окружен Град Скопје, и Скопскиот Округ. Скопје било единственото населено место во рамки на општината.[10]
Старо Скопје - Офицерскиот дом на главниот плоштад во раните 1930-тиДел од Скопје, до Камениот мост.Управата на градот Скопје, од 1927 година.
Првата и Втората светска војна
За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на бугарските и австроунгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација.
Хотел Македонија, кон плоштадот, ул. Никола Вапцаров, поплавата од 1962 во СкопјеЗемјотресот во Скопје од 1963 година: Самоиницијатвно граѓаните бараат затрупани и ранети
Во почетокот на ноември 1962 поради обилни дождови, реката Вардар го поплави Скопје. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.
На 26 јули1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со јачина од 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1.070 негови граѓани, беа повредени над 4.000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20.000 граѓани оставени без покрив над главата.
По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.
Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започна да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратија некаква помош во Скопје и помогнаа тој да се изгради повторно, и поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.
Современа историја
На 6 август 2016 година Скопскиот Регион го зафати големо невреме, што резултира со силен ветар и полави. Во невремето животот го загубија 22 лица.
Географски податоци
Скопје се наоѓа на 21° 26' географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240 м. Се простира на 1.818 км2 во широчина 9 км (Водно-Радишани) и во должина 23 км (Драчево - Ѓорче Петров). Градското подрачје зафаќа површина од 225 км2.
Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина е Аеродром со 98.382 жители, а најмала е Шуто Оризари со 17.357 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 км2, а најмала е Чаир со 3,5 км2.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1856
20.800
—
1858
21.000
+1.0%
1878
30.000
+42.9%
1888
22.250
−25.8%
1892
33.291
+49.6%
1913
47.384
+42.3%
1919
51.758
+9.2%
1921
32.249
−37.7%
1926
69.269
+114.8%
1931
64.807
−6.4%
Година
Нас.
±%
1935
70.716
+9.1%
1948
87.654
+24.0%
1953
119.134
+35.9%
1961
165.529
+38.9%
1971
312.980
+89.1%
1981
408.143
+30.4%
1994
429.964
+5.3%
2002
283.146
−34.1%
2004
386.000
+36.3%
2021
422.540
+9.5%
Во турскиот пописен дефтер од 1467/68 година, Скопје било центар на Скопскиот Вилает и имал вкупно 1.006 семејства, од кои 634 муслимански семејства, 299 христијански семејства и 73 вдовици христијани.[14]
Во 1921 година, Скопје имало 32,249 жители. Во 1931 година, Скопје имало 64,807 жители, од кои 35,967 мажи и 29,740 жени, сите сместени во 13,939 домаќинства и 8,958 згради.[16]
Од гледна точка на демографските движења на населението Скопје има позитивна популациона слика. Населението на градот постојано се зголемува пред сè поради големиот број доселувања (најчесто од градовите и селата од внатрешноста на Македонија), но и поради наталитетот. Мора да се спомене дека како и во целата земја и во Скопје бројот на раѓањата (наталитетот) драстично опаѓа меѓутоа како најголем и најразвиен град во државата стапката на раѓање сепак е највисока. Доселувањата во Скопје се во постојан подем и континуитет од крајот на Втората светска војна. Во периодот од 1948 до 1981 година бројот на жителите во градот се зголемил за повеќе од трипати. Луѓето денес во Скопје пред сè, се доселуваат поради стопанско-економски причини или поради продолжување на своето образование.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Скопје, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.[17]
Според новата територијална организација од 2004 година (припојување на општините Сарај и Кондово) во градот се регистрирани 506.926 жители (66,75% Македонци), меѓутоа околу 15% од тоа претставува селско население поради големиот број на села во составот на Општина Сарај.
Ги вклучува и жителите на селата Горно Водно и Долно Водно. Бошњаците во оваа табела се заведени во графата „Неопределени муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (986), Словенци (425), Црногорци (770), Бугари (275), Чеси (74), Словаци (11), и останати (1,419).
Турците и Власите биле заведувани во службената графа „Останати“. Бошњаците биле заведувани во графата „Муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (1,851), Словенци (623), Црногорци (1,727), Унгарци (112), Југословени (456), и останати (16,055; вклучувајќи ги Турците и Власите).
Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари.[23] Бошњаците биле заведувани во графата „Муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (1,950), Словенци (395), Црногорци (2,319), Унгарци (148), Југословени (7,235), и останати (3,201)
Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари. Бројката на жители е намалена поради бојкотот на албанското население. Бошњаците биле заведувани во графата „Останати“.
Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари. Бошњаците биле заведувани во графата „Останати“.
Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: „Други неспомнати (народности)“ (5,207), „Не се изјасниле“ (237), „Непознато“ (226), и „Лица за кои податоците се преземени од административни извори“ (38,504).
4 Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари.[23]
5 Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари. Бројката на жители е намалена поради бојкотот на албанското население.
6 Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари.
7 Бројките се од пописот од 2002, но се прераспоредени според променетата територијална поделба и границите на населеното место Скопје во 2004 година. Со новите граници на Скопје, дошло до зголемување на населението. Тогаш во Скопје биле припоени (и преобразени во статус на населби во Скопје) селата: Горно Лисиче во Општина Аеродром; Бутел во Општина Бутел; Маџари во Општина Гази Баба; Оризари во Општина Ѓорче Петров; Влае, Долно Нерези, и Злоќуќани во Општина Карпош; населбата Драчево во Општина Кисела Вода; Сарај во Општина Сарај; и Долно Оризари во Општина Шуто Оризари.
Поделба на урбани и рурални населби во Град Скопје
Исто така поради брзата урбанизација и зголемување на своето население, Скопје постојано се проширува во својата територија, поради што десетина поранешни села веќе се споени со градот и претставуваат приградски населби на Скопје. Некои од нив се помалку, некои повеќе урбанизирани, а заедничкото за сите е што бележат брз развој и претставуваат привлечни имиграциски места, привлекувајќи население од цела Македонија. Такви поранешни села, а денес скопски населби претставуваат: Сингелич (23.915 ж.) во Гази Баба, Волково (6.750 ж.), Ново Село (8.349 ж.) и Оризари (15.637 ж.) во Ѓорче Петров, Бардовци (1.472 ж.) и Злокуќани (1.635 ж.) во Карпош, Долно Нерези (12.418 ж.) во Аеродром, Визбегово (2.817 ж.) и Радишани (9.123 ж.) во Бутел, Долно Оризари (1.550 ж.) во Шуто Оризари и Сарај (5.232 ж.) во Општина Сарај. Во овие приградски населби во 2002 година живееле 88.898 жители, што е 20,7 % од вкупното население во скопското урбано подрачје.
Сообраќај
Автобус во Скопје
Јавниот превоз во Скопје се одвива со такси и автобуси. Постојат приватни и државни превозници, од кои неспоредливо најголем превозник е ЈСП-Скопје кој го покрива целиот град и неговата поширока околина. Имало планови да се направи лесна градска железница, ама се смениле плановите и не се изградила.
Во 2017 година, во Скопје се случиле 1.652 сообраќајни несреќи во кои настрадале 2.500 лица. Од нив, 37 загинале, 218 биле тешко повредени, а 2.245 биле полесно повредени.[29]
Култура
Во Скопје постојат шест театри кои функционираат како национални установи:
Камениот мост навечерВлезот во стариот дел на Скопје
Места од интерес за туристички разгледувања се:
Камениот мост, на реката Вардар е симбол на Скопје. Бил преработен во XV век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој претставува врска помеѓу новиот и стариот дел.
Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на VI век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.
Даут-пашината бања изградена во XV век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.
Соборниот храм Св. Климент Охридски. Тој се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.Плоштадот фотографиран од зградата на ДАРМ
Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на Град Скопје.
Музеј на македонската борба, се наоѓа на левиот брег од реката Вардар, официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод 20 години од независноста на Македонија. Се состои од 13 хронолошки подредени одделенија и секое од нив ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Музејската презентација е реализирана на интерактивен начин преку комбинирање на многу различни форми. Прегледот на историските настани, процеси, личности од XIX и XX век, се надополнува со автентичната колекција на 2.749 музејски предмети - оружје, документи, фотографии, мапи, медали, весници, документарен материјал, помошни материјали – 153 восочни фигури, 109 масовни сцени и портрети, како и амбиентални диорами збогатени со аудио-визуелни ефекти. Музејските фондови постојано се збогатуваат и преку донации или откуп.
Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.
Местото на родната куќа на познатиот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу плоштадот „Македонија“.
Во близина на градот Скопје, покрај патот Скопје-Качаник се наоѓа стар аквадукт изграден од камен и тули со 55 лакови што се потпираат на масивни столбови. Тој служел за снабдување со вода на античкиот град Скупи кој се наоѓа во непосредна близина до Скопје.
Улицата Македонија која е со прекрасна архитектура и каде што се наоѓа феудалната кула која што денес е музеј.
Градскиот ѕид кој се состои од верижно поврзани блокови со висина од 24 метри и кули високи 45 метри - еден вид на ѕид-тврдина во модерна интерпретација, тој е изграден по земјотресот во 1963 и кој е проектиран од познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Тој го обиколува центарот на градот од десната страна на реката Вардар. Кензо Танге исто така проектирал уште многу други градби кои не се реализирале.
Куршумли ан датира од XVI и се наоѓа во старата чаршија. Тоа е еден од најубавите стари места во Скопје. Куршумли ан во минатото се користел како бања каде сто се бањале голем дел од населението.
Според пописот на бели штркови, организиран на цела територија на Македонија во 2024 година,[30] во Скопје имало шест гнезда во кои биле забележани 3 возрасен штрк и 3 млади единки. Поточно, во Горно Лисиче имало четири гнезда во кои биле забележани 1 возрасен штрк и 2 млади единки, додека во населбата Драчево имало 2 гнезда со 2 возрасни штркови и 1 млада единка.[31]
Скопје како мотив во уметноста и во популарната култура
Скопје како мотив во книжевноста
„Ќе те питам, бабо“ — македонска народна песна.[32]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑„ХЕЦ Козјак – производство на електрична енергија и намалување на штетите од поплави“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 26-27.
↑„Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. Посетено на 29 септември 2024. Во бројката се вклучени жителите на селото Горно Водно. Бројката на жители на населеното место Скопје (и Горно Водно) е добиена со одземање на бројката на Македонците од селата Бутел (194), Маџари (1,231), и Трубарево (748) (населени места кои биле дел од Град Скопје во тоа време) од бројката на Македонци од Град Скопје (74,686); со одземање на бројката на Албанците од селата Бутел (111), Маџари (10), и Трубарево (171) од бројката на Албанци од Град Скопје (3,166); со одземање на бројката на Турците од селата Бутел (60), Маџари (9), и Трубарево (2) од бројката на Турци од Град Скопје (22,562); со одземање на бројката на Ромите од селата Бутел (97), Маџари (144), и Трубарево (0) од бројката на Роми од Град Скопје (7,829); со одземање на бројката на Србите од селата Бутел (10), Маџари (162), и Трубарево (71) од бројката на Роми од Град Скопје (8,650); со одземање на бројката на останатите од селата Бутел (1), Маџари (33), и Трубарево (20) од бројката на останати од Град Скопје (4,812). Бројката на Власите во Скопје и Град Скопје е иста (438) бидејќи Власи немало во Бутел, Маџари и Трубарево.