Ѓорѓија Велјаноски
Ѓорѓија Стевков Велјаноски ( 1918 во Брждани — 1944 во Брждани) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописБидејќи немал можност да се образува, се занимавал со земјоделие. По окупацијата на Македонија, се определил за борба против окупаторот. Во текот на 1942 година активно работел во селото извршувајќи илегални задачи за потребите на народно-ослободителното движење, а во текот на 1943 година бил примен во редовите на КПМ. Неговата активност во народно-ослободителното движење условила да биде избран за секретар на Реонскиот комитет. Редовно одржувал состаноци, пренесувал илегалци и вршел најодговорни задачи. Таквата активност била забележана од балистите кои го затвориле и го подлегнале на тешки малтретирања, но тој пред окупаторот ништо не открил. Поради тепањата и измачувањата се разболел, но иако болен, пак раководел и помагал. Умрел во 1944 година.[1] ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia