1943 (MCMXLIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1943 година од новата ера, 943. од вториот милениум, 43. од XX век и четвртта од 1940-тите.
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7451 и 7452 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6693 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5703 и 5704 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2696.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1943 година се протега во 4579 и 4580, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4639 и 4640 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2486. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1361 и 1363 исламска година.
Настани
Родени
- 28 јануари - Кирил Ценевски, македонски режисер и сценарист
- 9 февруари - Џозеф Стиглиц, американски економист
- 22 февруари - Хорст Келер, германски претседател
- 25 февруари - Џорџ Харисон, британски музичар
- 9 март - Роберт Фишер, американски шаховски велемајстор
- 29 март - Џон Мејџор, британски премиер
- 5 мај - Игнасио Рамоне, шпански писател
- 26 јули - Мик Џегер, англиски пејач
- 11 август - Первез Мушараф, пакистански генерал
- 17 август - Роберт де Ниро, американски глумец
- 6 септември - Роџер Вотерс, англиски пејач (Pink Floyd)
- 29 септември - Лех Валенса, полски претседател
- 8 декември - Џим Морисон, американски пејач (The Doors)
- 24 декември - Тарја Халонен, фински претседател
- 25 декември - Зафир Хаџиманов, македонски пејач и композитор
Починале
- 4 јануари - Мирче Ацев, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 4 јануари - Страшо Пинџур, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 6 јануари - Трајко Бошкоски - Тарцан, македонски комунист и партизан
- 7 јануари - Никола Тесла, американски научник со српско потекло
- 13 јануари - Благој Страчковски, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 21 јануари - Благој Давков, македонски комунист и партизан
- 1 февруари - Александар Урдаревски, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 14 февруари - Никола Петров Русински, македонски социјалист, учесник во македонското револуционерно движење
- 18 февруари - Никола Пушкаров, македонски револуционер
- 20 февруари - Раде Јовчевски - Корчагин, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 28 март - Сергеј Василевич Рахманинов, руски пијанист, композитор и диригент
- 11 април - Лазо Трповски, македонски комунист од Егејска Македонија
- 21 април - Боро Петрушевски, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 17 мај - Илија Антевски - Смок, македонски комунист и партизан
- 17 мај - Душко Поповиќ, македонски и српски комунист и партизан
- 21 мај - Ванчо Прке, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 6 јуни - Пантелис Пулјопулос, грчки троцкист
- 10 јуни - Димката Ангелов Габерот, македонски комунист и партизан
- 13 јуни - Кочо Рацин, македонски поет и комунист
- 16 јуни - Блажо Тодоровски, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 22 јуни - Панде Кајзеро, македонски комунист и партизан
- 13 јули - Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет и партизан
- 6 август - Трајче Петкановски, македонски комунист и партизан
- 17 август - Славчо Стојменски, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 24 август - Симон Веј, француска филозофка
- 28 август - Борис III, бугарски цар
- 1 октомври - Мирко Милески, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 6 октомври - Јосиф Јосифовски - Свештарот, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 9 декември - Никола Парапунов, македонски комунист
Поврзано
Надворешни врски
|