Ѓуле (спортска опрема)Ѓуле[1][2] или кугла[3][4] – спортски реквизит што се користи во атлетската дисциплина фрлање ѓуле. Видови ѓулињаЃулето како спортски реквизит се изработува од различни видови материјали во зависност од неговата намена. Mатеријали што се користат за изработка на ѓулиња се: песок, железо, леано железо, цврст челик, нерѓосувачки челик, месинг и синтетички материјали како поливинил. Некои метали се погусти од другите, поради што големината на ѓулето е различна. На пример, различни материјали се користат за правење ѓуле за фрлање во сала и фрлање на отворено - бидејќи мора да се земе предвид оштетувањето на околината - така што вторите се помали. Постојат различни стандарди за големина и тежина на ѓулето кои зависат од возраста и полот на натпреварувачите, како и од правилата на управното тело. ТежинаВо натпреварите во машка конкуренција ѓулето тежи 7,26 кг, а во женска конкуренција тежи 4 кг. На јуниорските, училишните и ветеранските натпревари се користат ѓулиња, обично под тежините на оние што се користат на сениорските натпревари. ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia