Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
Официјален дигитален речник на македонскиот јазик — еднојазичен описен речник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од Владата, Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“[1]. По обем речникот се определува на околу 100 000 збора (заедно со внесените како подзаглавни зборови во речничките статии), а по изборот на лексичките единици и по обработката има нормативен карактер.[1] Електронскиот толковен речник е промовиран на 5 мај 2021 година по повод Денот на македонскиот јазик, востановен во 2019 година во чест на историскиот 5 мај 1944 кога е усвоена современата македонска азбука. Владата одлучила трајно да ги откупи материјалните права на составувачите на Толковниот речник на македонскиот јазик. Министерството за образование и наука ја операционализирало одлуката, а Министерството за култура го стави онлајн изданието на Толковниот речник во националната програма за „Годината на Конески“.[2] Промоцијата била во рамките на чествувувањето 100 години од раѓањето на Блаже Конески, што било и во календарот на УНЕСКО за меѓународни јубилеи во 2021, и во годината кога се одбележувале 95 години од смртта на Крсте Петков Мисирков (1874 — 1926).[2] ОписОфицијалниот дигитален речник на македонскиот јазик е поставен на семрежната адреса makedonski.gov.mk и пристапот до неа е слободен. Корпус на македонски зборовиОДРМЈ ги содржи најупотребуваните зборови на современиот македонски стандарден јазик. Речникот се надоградува со зборови од различните стилови, коишто се издвојуваат со честата и општоприфатена употреба во усната и писмената комуникација. Пребарување на зборовитеПребарување на зборовите е можно по првата буква, по дел од зборот или како цел збор. Речникот е наменет за најширок круг корисници како неопходен прирачник што ги упатува во правилната употреба на зборовите. Барање на кратенкиРечникот содржи над 1300 често употребувани кратенки во македонскиот јазик, и истите може да се пребаруваат со избор на јазичето „Кратенки“. Барање на топонимиРечникот содржи над 1200 географски термини, и истите може да се пребаруваат со избор на јазичето „Топоними“. Можност за предлагање нови зборовиРечникот овозможува предлагање на нови зборови при што се бара и предлог за нивно толкување. ЗначењеОДРМЈ доаѓа како втор дигитален речник на македонскиот јазик и дава свој придонес за збогатување на дигиталните ресурси за македонскиот јазик. ПротивречностиПо реакцијата на Здружението за унапредување на правата на Ромите „Аваја“ до Владата, зборовите циганчи, циганштија (кои се вклучени во ТРМЈ) и други беа отстранети. Овој потег предизвика реакција во јавноста, класифирајќи го како цензура. За Институтот за македонски јазик ваквиот потег бил „помало зло“.[3][4] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia