Ѓурѓа Илковска

Ѓурѓа Трајан Илковска ( 1907 во Радово (Демирхисарско) — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Од 1941 година учествувала во НОД. Нејзиниот стан бил користен за илегални состаноци и чување на илегален материјал. Повремено престојувале илегалци. Во 1942 година нејзината активност меѓу жените се зголемила не само во нејзиното село туку и во селата Кочиште и Растојца. Организирала жени за плетење топла облека за партизанскиот одред „Питу Гули“, месела леб и се грижела околу снабдувањето на Одредот со прехранбени артикли. Во 1943 година била често ползувана како курир. Кај неа отседнувале партизански курири. Од септември 1944 година работела на формирањето одбори на АФЖ по селата.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1073.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya