Јавна политикаЈавна политика е начин на дејстување или недејстување избран од јавната власт за решавање на некој проблем. Јавната политика се изразува во збир закони, регулативи, одлуки и постапки на една влада. За формулирање на јавната политика, како и за оценка на нејзината делотворност се применува анализа на политика. Многу аналитичари на јавна политика добиваат докторати и титули Магистер по јавна политика и Магистер по јавна администрација во школи за јавна политика, додека пак други специјализираат и добиваат дипломи како Магистер по образование за специјализација во образовната политика или Магистер по општествена работа за специјализација во политика на социјална заштита. Разни дефиницииСоиред Вилијам Џенкинс во Policy Analysis: A Political and Organizational Perspective (1978), јавна политика е „збир од меѓусебно поврзани одлуки направени од еден политички учесник или група учесници во врска со изборот на цели и начините тие да се постигнат во рамките на извесна ситуација каде тие решенија би требало, во принцип, да бидат во рацете на тие учесници за да ги достигнат“. Така, Џенкинс смета дека создавањето на јавната политика е процес, а не едноставно само избор. Според Томас А. Биркленд во An Introduction to the Policy Process (2001), постои недостиг за консензус за дефинирање на јавната политика. Биркленд дава преглед на неколку дефиниции (Табела 1.3 на стр. 21):
Биркленд ни дава на знаење дека елементите заеднички за сите овие дефиниции се следниве (стр. 20):
Историја на јавната политикаСпоред Биркленд:
Видови јавна политика
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia