Јазици во Вануату
Јазиците во Вануату е поим со кој се опфаќаат сите јазици кои се зборуваат во оваа океанска држава, официјални и неофицијални. Вануату има три официјални јазика: бислама, англиски и француски. Бислама е прв јазик на голем број урбани Вануаќани. Исто така, бислама е втор јазик за голем број од населението на Вануату. Јазикот е сличен со ток писин од Папуа Нова Гвинеја. Во Вануату се зборуваат над 100 староседелски јазици. Државата се смета како држава со најголема разновидност на јазици по глава на жител во светот. Некои од јазиците се загрозени, а некои и исчезнале. Сепак, иако има мал број на луѓе кои ги зборуваат јазиците, тие не се сметаат за особено загрозени.[1] Староседелски јазициВо Вануату се зборуваат околу 112 староседелски јазици, од кои 3 исчезнале во минатите декади. Голем број од јазиците се именувани според островите каде се зборуваат истите. Најразновидни во јазична смисла се островите Еспириту Сано и Малакула. КласификацијаСите јазици во Вануату се океански јазици.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia