Полинезиски јазици
Полинезиските јазици е семејство јазици кои се зборуваат во Полинезија. Се класификуваат како припадници на поширокото австронезико семејство, поконкретно како дел од океанската гранка. Самите тие се делат на две подгрупи: тонгиски и јадрени полинезиски јазици. Во светот има околу 5 милиони Полинезијци. Постојат околу 40 полинезиски јазици. Најзначајни од нив се тахитскиот, самоанскиот, тонганскиот, маорскиот, фиџискиот и хавајскиот. Полинезиските острови биле населени релативно доцна во историјата, а јазиците почнале да се двојат дури пред 2000 години. Ова значи дека јазиците од оваа група имаат големи меѓусебни сличности. Тонгиската подгрупа ја сочинуваат тонганскиот и ниуеанскиот јазик, додека пак сите останати се сметаат за дел од јадрената група на полинезиски јазици. Класификација![]() Класификација според Базата на основни австронезиски зборовиНајновите групирања на полинезиските јазици се утврдени со анализата на Базата на податоци на основниот лексикон на авsтронезиските јазици (Austronesian Basic Vocabulary Database)[1] во 2008 г. Тука се наведени само оние со 90% убедливост:
Од регионалните јазици тука не се вклучени ниуафоуанскиот и пукапуканскиот, за кои нема утрврдено класификација. Класификација според EthnologueСпоред Ethnologue, целосниот список на полинезиски јазици е[2]:
Меѓусебни сличностиДелумно поради фактот што овие јазици се раздвоиле во групи во компаративно поскоро време, голем број зборови од лексиконите на овие јазици се меѓусебно слични. На табелата подолу се прикажани зборовите „небо“, „северен ветер“, „жена“, „куќа“ и „родител“ како претставителен избор на поими од следниве јазици: тонгански; ниуеански; самоански; сикајански; такуански; рапанујски; тахитски; куковоостровски маорски (раротонгански); маорски; северномаркески; јужномаркески; хавајски и мангаревански.
Помеѓу различните полинезиски јазици може да се забележат извесни правилни совпаѓања и еквиваленти. На пример, маорските гласови /k/, /ɾ/, /t/ и /ŋ/ соодветствуваат на хавајските /ʔ/, /l/, /k/ и /n/. Така „човек“ на маорски е tangata, а на хавајски е kanaka; маорскиот збор за „долгнавест“ е roa, а истиот на хавајски е loa. Познатиот хавајски поздрав aloha е еквивалент на маорскиот збор aroha, „љубов“ или „нежност“. Сличностите во лексиконот им овозможуваат на луѓето од разни островски групи да се разбираат изненадувачки добро. Многу полинезисски јазици биле, и сè уште се жртва на европските колонизации. Пример за ова се маорскиот и хавајскиот, кои биле во голема мера потиснати од англискиот јазик, и почнуваат да заживуваат дури во последно време, и тоа благодарение на посебни напори. ПоврзаноБелешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia