Јазици во Киргистан
Официјални јазици во Киргистан се киргиски и руски јазик. Киргистан е една од четирите поранешни советски републики во Централна Азија кои го имаат рускиот како де јуре официјален јазик. Киргискиот јазик бил усвоен како официјален јазик во 1991 година. По притисокот од руското и другите малцинства во земјата, републиката го усвоила и рускиот како официјален јазик во 2000 година, па таа станала официјално двојазична земја.[3] Официјални јазици![]() Јазиците на владата во Киргистан се рускиот како официјален и меѓуетнички јазик и киргискиот како државен/национален јазик. Киргискиот јазик е турски јазик од кипчачката гранка, тесно поврзан со казашкиот, каракалпачкиот и ногајскиот јазик. Се пишувал со арапска азбука до дваесеттиот век. Латинското писмо било воведено и усвоено во 1928 година, а потоа било заменето по наредба на Сталин со кирилично писмо во 1941 година. Како резултат на јазичната реформа во соседен Казахстан, Киргистан за неколку години станал единствената независна земја од туркиско говорно подрачје, која исклучиво го користи кириличното писмо. Според пописот од 2009 година, 4,1 милиони луѓе зборувале Киргиски како мајчин или втор јазик и 2,5 милиони зборувале руски како мајчин или втор јазик, при што 482.000 конкретно се идентификувале како мајчин јазик.[4][5] Руските ТВ-медиуми уживаат огромна популарност во Киргистан, особено во Бишкек и Чујската област. Руските медиуми имаат огромно влијание врз јавното мислење во Киргистан, особено во областите како што се човековите права и меѓународните политички случувања.[6] ОбразованиеПроследено со револуцијата на лалињата во 2005 година, преку образовните реформи во 2007 година се барало киргискиот јазик да стане задолжителен предмет во не-Киргиски училишта, а рускиот да стане задолжителен предмет во училиштата со наставен јазик различен од рускиот.[4] Јазици на малцинстватаУзбечиот јазик го зборуваат приближно 850 илјади жители на Киргистан и е втор најзборуван мајчин јазик, пред рускиот и зад киргискиот.[7] Во 2011 година, Алмазбек Атамбаев победил на силно оспоруваните избори обележани со нерегуларности од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОСЕК). Владата на Атамбаев последователно им забранила на матурантите да полагаат екстерни предмети на узбечки или на кој било јазик различен од киргискиот или рускиот. Јазиците по број на говорници
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia