Јазол (Драгоманци)
Јазол или Комвос (грчки: Κόμβος) — праисториска и античка населба кај селото Драгоманци, Мегленско Егејска Македонија. Била населена од неолитот, па сè до доцноримскиот период.[1] Месноста се наоѓа веднаш до последните југоисточни куќи на селото. Откриени се делумно зачувани земјанки од раниот неолит (6500 – 5900/5800 г. п.н.е.). Важно откритие е керамичката печка е керамичката печка од доцнобронзеното време (1600 – 1100 г. п.н.е.), како и неколку отпадни јами. Тие очигледно припаѓаат на работната зона на населбата на југ која сè уште не е откопана. Печката има округол облик, со пречник од 1,15 м, а јамата на пламената комора е во земја. Решетката над јамата е сочувана во недопрена состојба. Ова е печка била напредна технологија распространета низ Средоземјето, но реткост во Македонија. Откриени се и делница од пат и гробови од доцноримскиот период.[1] Во 2012 г. наоѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia