Селото е сместено во котлината Меглен, на 15 км северно од Воден и 12 км јужно од С’ботско.[4]
Историја
Праисторија и антика
Во околината на Драгоманци е пронајдена античката населба Апсалос,[4] еден од трите града во Алмопија, заедно со Орма и Европ, спомнати од географот Клавдиј Птоломеј во II век. Праисториските и античките населби се откриени во месностите Јазол (Комвос), Колосек (Грами), Тумба и Врбен. Се смета дека во антиката, населбите околу Драгоманци биле испостави на тврдината над Почеп.[5] Денешното име на селото е преземено од називот на таа стара населба, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Во Отоманското Царство
Поголемиот дел од жителите на Драгоманци во дадено време го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Значаен дел од оние кои одбиле да си ја сменат верата постепено се преселиле во Воден и околните македонски села.[3] Доказ за устојчивоста на христијанското население во XIX век е изградбата на црквата „Св. Атанасиј“ во тоа време.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгоманци (Dragomantzi) било село во Воденската каза со 340 куќи кои се состоеле од и 915 жители муслимани (т.е. Македонци-муслимани) и 280 Македонци (христијани).[7][8]
Првата полска болница на Српската армија во Драгоманци за време на Првата светска војна, 1917 г.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.050 жители, кои во 1920 г. биле 1.015.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Апсалос, по античкиот град град, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1920-тите муслиманското македонско население на Драгоманци е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Понд (од Хаџи Осман во Никомидиско, Акдаг Маден во Анкарско и Булгар Маден во јужна Турција), Тракија (од Ексамили на полуостровот Галиполе) и Мала Азија (од Смирненско).[4] Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско со 1.210 дојденски жители (299 семејства).[14] Во 1945 г. во Драгоманци се доселиле и Власи од Епир.[4]
Почнувајќи од 1950-тите селото бежели извесен пад на населението, поради иселување во градовите.
Според истражување од 1993 г. селото е етнички мешано (грчко-влашко), во кое понтскиот грчки и влашкиот се зачувани на средно ниво.[15]
Места во заедницата Драгоманци преименувани со службен указ на 6 август 1969 година
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
1.502
1.572
1.491
1.320
1.277
1.254
1.178
1.121
919
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Населението произведува големи количества на десертно грозје, тутун, жито и други земјоделски производи. Мошне развиено е и сточарството, поради непрегледните пасишта околу селото.[3]
↑„Αρχαίος οικισμός Αψάλου“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-06-24. Посетено на 30 април 2018.
↑„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 – 159.
↑Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани. ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 123. ISBN954-9308-51-0.