Јазол (единица)
Јазол (крат. kn или јаз) — единица за брзина еднаква на една морска милја (1,852 км) на час. Меѓународната хидрографска организација (МХО), каде членуваат сите поморски држави, ја претпочита кратенката kn;[1] но, мошне застапена е и кратенката kt (множ. kts).[2][3]. Јазолот како не е SI-единица, но е прифатен за употреба со единиците на SI.[4] Оваа единица наоѓа поширока примена во светот во области како метеорологијата, морепловството и воздухопловството. На пример, бродот кој патува со 1 јазол долж некој меридијан поминува 1 минута географска должина за еден час. Единицата е наречена по јазлите на јажето на чиј крај е приврзан исечок од талпа наречен „лог“.[5] Дефиниции
Брзината на пливилата во однос на флуидите во кои се движат (бродови и воздухоплови) се изразува во јазли. Ова важи и за брзината на тековите по кои се плови (брзината на приливните струи, речните струи и ветерот).
(со задебелено се означени прецизните вредности.) Потекло![]() Сè до средината на XIX век, брзината на бродовите се мерела со лог. Оваа направа се состоела од исечок од талпа врзана за макара. Исечокот бил потежок од едната страна за да може да плута исправен и да биде неподвижен во однос на водата. Талпата се фрла во вода додека се движи бродот, и така макарата се почнува да се одмотува. Јажето имало по еден јазол на секои 47 стапки и 3 инчи (14,4018 м). Еден морнар ги броел јазлите, додека друг броел 30 секунди со песочен часовник (денес 28 секунди). Така, брзината се утврдувала според тоа колку јазли изминале за тој временски период[6] Бројот на јазли потоа му се соопштувал на кормиларот. Мерејќи на овој начин, еден јазол е еднаков на 1,85166 км/ч (20,25 ин/с), што се разликува од денешната дефиниција за помалку од 0,02%. ПоврзаноНаводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia